Македонија
Јубилеј 50 години постоење на Меѓународниот фестивал на хорска музика Тетовски Хорски Одзиви-ТЕХО

Со настап на седум хорови синоќа се одржа првата вечер во рамки на 32. издание на Меѓународниот фестивал на хорска музика Тетовски Хорски Одзиви-ТЕХО. Воедно годинава се одбележуваат 50 години од постоењето на фестивалот кој прв пат се организирал во 1973 година.
Претседателот на ТЕХО, диригентот Ивица Зориќ пред публиката во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ потсети дека цело Тетово живеело за хорската музика пред пет децении.
-Фестивалот се одржуваше три дена, од 22 до 24 јуни, ете оваа година се поклопија и датумите. Сите членови на хорови кои пристигнаа во Тетово по мое сеќавање престојуваа во домовите на тетовските семејства и затоа велиме дека целиот град живееше за хорската музика. Претходно конкуренција каде да биде хорскиот фестивал, во Битола или во Тетово – па Тетово со своите атрибути и квалитети се наметна и со голема заслуга ја доби таа функција да го организира фестивалот. Во тој период нашите сограѓани имаа чувство и чест да го организираат тој фестивал благодарение на тогашниот градоначалникот Кочо Тулевски, академикот Тодор Скаловски којшто се вложи во фестивалот, Тома Ристовски, културно-просветната заедница и сите ние граѓаните на Тетово се вклучивме во организирање на фестивалот, порача Ивица Зориќ.
Покровител на фестивалот е претседателот Стево Пендаровски кој во видео порака истакна дека низ годините, фестивалот стана автентична платформа за меѓународна промоција на македонските композитори, диригенти и хорови од кои многумина ја започнале својата кариера токму на „ТЕХО“.
На првата вечер настапија детскиот хор „Лале“ и хорот „А капела“ од Тетово, „Гортинија“ од Гевгелија, Македонски камерен хор од Нов Зеланд, хор „Розафа Експрешн“ од Скадар, Албанија, Женски младински хор при Младински културен центар Скопје и Академскиот хор при Студентски културен центар од Ниш, Србија. Во фоајето на Центарот беа изложени плакати, фотографии и материјали од сите претходни фестивали.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!