Македонија
Јубилејни 20-ти синдикални игри на полицијата

Денес во Охрид беа отворени јубилејните 20-ти синдикални игри кои ги организира Македонскиот полициски синдикат. На настанот свое обраќање имаше министерот за внатрешни работи, Оливер Сапсовски, кој ги прогласи за отворени игрите во присуство на претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, претставници на синдикатот и министерството и гости од странство.
„Традицијата на одржување на спортскиот дух, на здравата компетиција, запознавањето и другарувањето, се вредности коишто и тоа како се важни, особено кога се работи за професија како полициската, професија што има посебен и мошне висок степен на одговорност кој пак произлегува од специфичноста на законските и други надлежности.
Им посакувам успех и добри резултати на сите учесници на спортските игри, со увереност дека оваа убава традиција и натаму во иднина ќе добива уште повеќе на квалитет, бројност и меѓународен карактер.“, рече министерот.

Во наредните неколку дена, чуварите на редот и мирот ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини: фудбал, одбојка, пикадо, стрелаштво, шах, атлетика.

-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава