Поврзи се со нас

Занимливости

Јужниот океан е прогласен за петти океан на планетата Земја

Објавено

на

На Светскиот ден на океанот којшто беше на 8-ми јуни, планетата Земја доби уште еден океан и официјално тој е петтиот океан што се наоѓа на оваа планета. По Арктичкиот Океан, Атлантскиот, Тихиот(Пацифички) и Индискиот океан, сега е признат и Јужниот океан. Одлуката е на Националното географско друштво.

Иако означувањето на студените води што го опкружуваат јужниот континент како посебен океан трае скоро 100 години и е широко користено од научниците, досега немало официјално признавање. Националното географско друштвото отсега па натаму ќе го обележува Јужниот океан како петти океан на своите мапи на нашата планета.

Досега имаше само четири океани кои беа дефинирани од континентите со кои се граничеа. Спротивно на тоа, Јужниот океан не е дефиниран од континентите што го опкружуваат, туку од Антарктичката циркумполарна струја што тече од запад кон исток. Научниците сметаат дека оваа струја е формирана пред 34 милиони години кога континентот Антарктик се одделил од Јужна Америка, овозможувајќи непречен проток на вода околу „дното“ на светот.

Денес, Антарктичката циркумполарна струја тече низ сите води околу Антарктикот до околу 60 степени јужна географска ширина, освен патеката Дрејк и Шкотското Море, кои се наоѓаат приближно помеѓу јужноамериканскиот Кејп Хорн и Антарктикот.

Водите на Антарктичката циркумполарна струја во поголемиот дел од Јужниот океан  се постудени и помалку солени од океанските води на север.

Антарктичката циркумполарна струја црпи вода од Атлантикот, Пацификот и Индискиот океан за да помогне во движењето на глобалниот „струен бран“ што носи топлина околу планетата, додека студената густа вода на струјата тоне и помага во складирање на јаглерод во длабочините на океанот.

Илјадници морски видови живеат само во рамките на Антарктичката циркумполарна струја според National geography.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 2 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 3 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 5 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 6 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 7 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 8 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена