Поврзи се со нас

Вести

Каде живее УФЦ шампионот, Хабиб Нурмагомедов?

Објавено

на

Дом далеку од цивилизацијата, среде планините, без телевизија и интернет.

Роднaта куќа на Хабиб Нурмагомедов, во моментов најпознатиот руски спортист, по ништо не се разликува од неколкуте десетици соседни куќи. Изгледа потполно исто како што беше пред многу години, пред шампионот на УФЦ да стане толку популарен во светот. Со текот на годините, не се појавија ниту претенциозни ентериери ниту високи згради.

Без интернет, без телефонска врска

Нурмагомедов е роден во планинското село Сиjди, Дагестан, кое се наоѓа во близина на границата со Чеченија. 40 километри низ реки и планинските врвови од најблиското населено место. Жителите велат дека селото опстанува на ова место најмалку 500 години. Само тука моментално живеат 220 луѓе. Луѓето главно се занимаваат со земјоделство и сточарство. Масовната миграција од Сиjди во низинската област Кизиjуртов започна во 1990-тите, кога на тамошните селани им била понудена земја, бизнис и инфраструктура.

Училиште и џамија – тоа е сè што има во Сиjди. Нема болница, градинка, интернет или вообичаена телефонска врска – понекогаш може да се фати сигнал на врвот на планинско село. Нема продавници. Камион еднаш месечно доставува намирници: брашно, шеќер, ориз и тестенини. Единствено по што е познато ова место е Хабиб и неговиот татко и тренер Абдулманап (сопругата на Хабиб е исто така од тука). По бројните борбени победи, Сиjди стана култно место за неговите фанови. На влезот во селото, поставен е голем билборд со фотографија од Хабиб и порака „Добредојдовте во земјата на орлите!“

Дагестанските власти планираат да градат хотел и спа центар овде во 2020 година, а до тогаш локалното население ќе покажува само каде е домот на Хабиб.

Куќа на улицата Нурмагомедов

Куќата на Хабиб Нурмагомедов се наоѓа на улицата Нурмагомедов. Улицата не го носи името по него, туку по неговиот чичко, Нурмагомед Нурмагомедов, кој беше светски шампион во спортскиот Самбо во 90-тите години. Самата куќа не се разликува од остатокот од селото.

Погледот од прозорците на куќата на планините е фасцинантен. Според регионалното списание на ЕтоКавказ , куќата има две мали простории со кревети, шпајз со стар фрижидер и мала кујна. На подот има стар килим. Телевизија постои, но не работи – гром ја погодил антената.

Во 90-тите години, семејството Хабиб не било иисклучок и го напуштиле селото. Дедото на Хабиб живеел во куќата некое време, а подоцна многу роднини се вратиле меѓукои и самиот Хабиб.

Махачкалка – Сан Хозе

Хабиб сега поголемиот дел од времето го поминува во два града и во две држави: главниот град на Дагестан, Махачкали, каде живеат неговата сопруга и децата, и во Сан Хозе, Калифорнија, каде што тренира на Американската академија за кикбокс .

Становите на Хабиб и неговиот татко во Махачкала се наоѓаат во истата зграда.

Хабиб вели дека се обидува да биде колку што е можно повеќе дома, бидејќи на толку многу внимание сакал не сакал ќе се измориш: „Јас дури и не се сеќавам на последниот пат кога сум бил на кино. Сакам да излегувам и да поминувам време со пријателите, но во последно време тешко успевам во тоа“.

 

Текстот е преземен од: Russia Beyond

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 3 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 4 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 5 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 7 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 9 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Вестипред 23 часа

Стрес, депресија и анксиозност од предолго време на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ …

Македонијапред 1 ден

Од следниот месец деветвалентна ХПВ вакцина, ќе биде достапна и за момчиња

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена