Вести
Кај нас се шетаат Јапонци, Бразилци, Корејци, Кинези…
Македонија прима туристи речиси од сите земји ширум светот. Според извештајот на Државниот завод за статстика, минатиот месец нашата земја ја посетиле жители од сите страни на земјината топка, далечните Азија, Африка, Австралија. Во март, околу 450 Јапонци и 230 Кинези престојувале туристички во Македонија. Од останатите азиски земји евидентирани се вкупно 737 туристи. Одредено туристичко место во нашата држава било интересно за околу 670 Американци и 120 Австралијанци.
Секако далеку побројни се туристите од европските земји, а убедливо сме најинтересни за шетање кај соседите. Во март не посетиле околу 3.900 грчки туристи, 2.800 бугарски, 1.500 албански и 3.000 српски.
ДЗС анализира дека во периодот јануари – март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,9% и кај домашните и кај странските туристи.
-
Гостиварпред 2 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград