Поврзи се со нас

Македонија

Кај скопски оператори со храна утврдени недоследности, вонредните контроли продолжуваат

Објавено

на

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува дека ќе продолжат вонредните инспекциски контроли во Скопје, откако минатата недела кај некои оператори со храна се утврдени недоследности во однос на хигиената и во однос на ставањето во промет небезбедни производи.

    Истовремено, нагласува АХВ, се спроведуваат и редовните контроли согласно Годишниот план.

    Минатата недела беа спроведени засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги Бит Пазар, Пластичарска улица и Старата скопската чаршија. Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори – кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници и други.

    Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Надзори се спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација.

    -Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената за што е наредено спроведување мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а пронајдени се и оператори со нерегистрирана дејност. Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна, а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло, наведува АХВ.

    Според Агенцијата, ќе продолжат и инспекциските надзори на зелените пазари во Скопје.

    „Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од 1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност“, информира АХВ.

    Во првите 6 месеци од годинава во внатрешниот промет спроведени се 24.335 инспекциски контроли. Изречени вкупно 2 433 инспекциски мерки. Уништени 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна. 

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 2 часа

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 4 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 24 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена