Поврзи се со нас

Гостивар

Како COVID 19 невозможното го направи возможно?

Објавено

на

Во Италија, бројот на починатите од Ковид-19 e вкупно 34.945. Бројот на активни случаи опадна нa 18.303 заболени. Вкупниот број на инфектираните од коронавирусот досега изнесува 242.827 лица.

На „чизмата“ короната најмногу го погоди северниот дел на земјата, не може тукутака да се избришат од меморија сликите кои пристигаа од таму, долги колони на воени камиони кои ги пренесуваат телата на починатите, мртовечниците со денови не можеа да ги сместат ковчезите на жртвите од коронавирус, редејќи ги по ходнците, дворовите, улиците.

Двата града во срцето на Ломбардија беа најпогодени од овој вирус, Бергамо и Бреша градови кои претпоставуваме најмногу сте ги среќавале преку фудбалот. Роберто Баџо, Кристијан Виери, Пипо Инзаги, Клаудио Каниџа, Роберто Донадони, Андреа Пирло, Кристијано Дони, Матијас Алмеида, Марко Делвекио, Георги Хаџи, Пеп Гвардиола, Лука Тони, Карло Мацоне, Марсело Липи, Антонио Конте се само дел од фудбалските имиња кои биле дел од овие екипи.

Ова е приказна токму за овие две места, нивното традиционално ривалство, војувања, омраза, вечна трка да се биде подобар од другиот, фудбалот, многу генерации на навивачи и корнавирусот.

Бреша и Бергамо, вториот и четвртиот град по големина во Ломбардија. Оддалечени само 50 километри, а поврзани пред векови со заедничко потекло во античкото келтско племе Кеномани, овие градови сепак развиле големо ривалство низ историјата. Меѓусебно имале безброј спорови, а една од најважните е онаа пред 900 години поврзана со Вал Камоника. Најголемата долина на централните Алпи која за време на австриското владеење буквално била грабната од Бреша и предадена на Бергамо. Брешаните никогаш не им го заборавија оваа бергамошаните.

Една од битките во 1156 година, во која Бергамо во една ноќ губи 2500 војници.

Денес, Бреша со своите 190.000 и Бергамо со 120.000 жители, се најголемите и најразвиените индустриски центри на северна Италија.

Бреша е центар на третата најголема индустриска зона во Италија, насочена кон машинската и автомобилската индустрија, како и производителите на огнено оружје.

Бергамо го опслужува Меѓународниот аеродром Ил Караваџо, третиот по број на патници аеродром во Италија со 13 милиони патници годишно. Втор најпосетен град во Ломбардија после Милано.

На италијаните им е повеќе од јасно дека високо постигнатите успеси се резултат на вечната трката и аспирации на овие две племиња „да бидеме подобри и поуспешни од соседите и ривалите“.

Сите овие „ситници“ кои се влечат со векови наназад и уште ред други работи, не можеа да го заобиколат фудбалот и борбата ја пренесат на теренот и трибините.

„Lombardia è il derby“Дербито на Ломбардија е едно од најжестоките навивачки ривалства во италијанскиот фудбал. Очекувано, помалку познато, барем за оние помлади генерации, што пак е многу логично затоа што Бреша и Аталанта никогаш немале премногу значајни успеси низ историјата.

По формирањето на фудбалските клубови, првото официјално дерби, овие два тима го играат во сезоната 1920/21, запишан е нерешен резултат 1:1.

Да ги претставиме и навивачките групи кои живеат околу овие два фудбалски тима, каде пак освен најцврстите јадра, кои со дебело платени досијеа се декларирани брешани или бергамисти, сите жители на едниот или другиот град се жестоки навивачи на своите клубови. Кој за кого ќе навива, жителите на овие провинции немаат избор, прецизно се ограничени географските региони и со самото раѓање се знае кој на која страна припаѓа.

Curva Nord Brescia е групата која ја следи екипата на Бреша, името го добива како и повеќето групи во Италија по трибината на која се собираат, формирани 1960 година под името +21, брешаните важат за поприлично нестабилна навивачка група, со сериозни најчесто непредвидливи инциденти, па така во сезоната 1994/95 на натпреварот со Рома во Бреша, во инцидент помеѓу навивачите на овие два клуба, со нож е убиен полицаец од страна на навивчите на Бреша, што значи законски крај за славните Curva Nord Brescia. Единствени и вечни непријатели ги сметаат навивачите на Аталанта.

Brigate Neroazzuri Atalanta (BNA), е навивачка група на фудбалскиот клуб Аталанта од Бергамо, името во буквален превод значи „Црно-сини бригади“. Основани се во 1976 година во време кога во Италија хараше екстремната комунистичка герила група, наречена „Brigate Rosse – Црвени бригади“, познати по големиот број вооружени акции, политички атентати низ сите поголеми градови во Италија. Многу навивачки групи во Италија во нив видоа идоли и по примерот на нив на боите од клубот го додоа името „Brigate“, едни од првите кои го користат овој назив. Полициската репресија, новите закони по долги години ја забрануваат и официјално гасат BNA во 2009 година. За веднаш после тоа BNA продолжи да функционира во илегала, но без истиот жар кон остатокот на Италија, се разбира освен кон Бреша. До ден денес ја следат традицијата на дерби со мотор, па така кога гостуваат во Бреша знаат да патуваат со мотори, формирајќи километарски колони и уништувајќи во секој смисол, се што ќе им се најде на патот до стадионот во Бреша.

Ривалството во фудбалот, на нов фронт само ја продолжи вечната борба на овие две спротиствени страни од самото формирање на клубовите, навивачите на Аталанта соседите ги нарекуваат „свињи“, а навивачите на Бреша ривалите „зајаци“, уште од 1930 година, кога поради називот „зајаци“, на стадионот Марио Ригамонти во Бреша, со цел да ги понижат гостите од Бергамо, им пуштаат на терен повеќе стотици зајаци. Бергамистите, почуствуваа огромна потреба да одговорат на оваа провокација, па веќе на следното дерби на Атлети Аѕури д’Италија во Бергамо, на терен на гостите во знак на добредојде им пуштаат неколку десетици свињи.

Ривалството помеѓу Аталанта и Бреша е меѓу најголемите во Италија. Нивните фанови се мразат едни со други и бруталноста во пресметките е толку голема што управите на клубовите поднесуваат оставки поради нивнoто однесување. Не најдоа заеднички јазик ниту во политиката, Бреша важат за поддржувачи на левицата, Бергамо подржувачи на десницата во Италија. Голем е бројот и на изгубени човечки животи во ова меѓусебно и вечно ривалство кое трае со векови и никогаш не се најде начин да ги приближат ставовите. Закани, суспензии, затворски казни, измена на законот за спорт во Италија, посредувањето на властите, фудбалската асоцијација, владетелите низ историјата не успеаа да ги смират страстите помеѓу овие две провинции, што останува нерешлив проблем и за модерната цивилизација.

На 22 март, 2020 година, во периодот кога коронавирусот буквално „косеше“ човечки животи во овие градови и северниот дел на Италија, кога италијаните беа на колена и броеа и по 1000 жртви за 24 часа од ковид 19 се случи невозможното.

Имено, на границата помеѓу овие две провинции, на еден мост на езерото Исео, на автопатот кој ги спојува овие два града, навивачите на Аталанта и Бреша поставија транспарент на кој пишуваше “Brescia Bergamo Divisi sugli splati, unite nel dolore” во средина двајца играчи од екипите кои се прегрнуваат еден со друг, во превод „Бреша и Бергамо поделени на трибините, обединети во болката“. Крај.

Пораката која сакаме да ја испратиме преку овој пример на овие две „завојувани“ спротивности, племиња, навивачи, провинции, впрочем најобични луѓе е колку навистина е опасен и вистинит COVID 19 вирусот. Колкава е неговата невидлива сила прикажана преку болка и смрт, за да ги присили на вакво нешто овие две страни, нешто што не им успеало на многу посилни влади и поумни владетели и побогати личности низ историјата во последниве 900 години, му успеа на COVID 19.

Драги читатели, почитувајте ги мерките! Потребно е да се покаже највисоко ниво на самосвест, солидарност и заедничка одговорност дека знаеме и можеме да се справиме и со овој голем предизвик.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 8 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 16 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 17 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 19 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 20 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 20 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 2 дена

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена