Здравје и убавина
Како да ги измиете пестицидите од овошјето?
Состојката, којашто постојано ви е при рака е поделотворна од водата за отстранување на пестицидите од овошјето.
Состојката, која сите домаќинки ја имаат во своето домаќинство, натриум –бикаборнат или народно познатата сода бикарбона има небројни примени, а американските научните сметаат дека нејзината употреба во отстранувањето на пестицидите од овошјето е многу поделотворна од водата и од детргентите за садови.
Резултатите на студијата ги објавиле во магазинот Journal of Agricultural and Food Chemistry.
Научниците уште одмна предупредуваат дека овошјето ги апсорбира пестицидите и дека е можно тие да се отстранат со сода бикарбона. Но никој до сега не истражил, колку длабоко пестицидите навлегуваат во овошјето.
-Први се посветивме на проучувањето за да увидиме колку длабоко пестицидите продираат во овошјето и колку можат тие да се отстранат, вели Лили Хе, научник на универзитетот во Масачусетс и еден од главните автори на студијата.
Таа додаде дека со колегите во експерементите користела органски јаболка и две хемекалии, кои се употребуваат за третирање на овошјето во САД. Едната била тимбентазол, кој ги уништува црвите, а другата фосмет, која ги уништува штетните инсекти.
Го полиле овошјето со дозволена количина на пестициди, во склоп со правилата. Потоа се обиделе да го измијат со обична вода, сода бикарбона и со детергент.
После петнаесетминутно миење со сода бикарбона, речиси сите хемикалии биле отстранети од површината на овошјето, но некои останале длабоко во овошјето. Дури и содата не можела да ги отстрани.
-Кога го јадете јаболкото може да одлучите дали ќе го јадете со или без кора. Истото не можете да го направите кај грозјето или спанаќот, вели Хе.
Постои можност над овошјето да се истури или да се испрска оцет, па потоа да се измие со вода. Оцетот ги уништува бактериите, па може самостојно да се употребува за отстранување на пестицидите.
Друг метод е овошјето да се потопи во вода, морска сол и сок од лимон, најмалку 10 минути.
Хе истакна дека ниеден пестицид не е во потполност поврзан со долгорочното влијание на човечкото здравје, како на пример поголемиот ризик од појава на рак. Сигурно не во мала количина, која е во рамки на дозволената. Но зборовите, кои во овој контекст се споменуваат, како „сигурност“ и „ризик“, се секако скокотливи.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград