Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како да го прочистите организмот?

Објавено

на

Со оглед на тоа што поголемиот дел од нас имаат нездрави навики кога е во прашање исхраната и физичката активност, неопходно е од време навреме да се направи детоксификација на организмот. На природен начин да се исфрлат отровите од телото, што ќе помогне за подобро здравје и поголем имунитет.

Тоа не значи дека мора да преземете нагли чекори и драстични мерки. Едноставно, одредете си период од дваесетина дена, во кој ќе се ставите на прочистувачки режим. Најпрво, намалете ја количината на храна која досега сте ја внесувале во организмот, особено тестенините, печивата, храната која содржи многу масти и шеќери. Постепено исфрлете  помфрит, пица, хамбургери, чоколади и секакви други слатки. Наместо тоа, консумирајте спанаќ, кељ, зелка, марула и воопшто листест зеленчук со зелена боја. Брокулата, лукот, лимонот, јаболката, зелениот чај, цвеклото, целерот и морковите се исто така одличен избор за детоксификација на организмот. Нека бидат дел од секојдневното мени.

Овие видови храна го стимулираат црниот дроб да произведува ензими кои организмот го чистат од отровите.

Еден оброк може да ви биде домашна супа од зеленчук со малку овесни снегулки. Едноставно се прави, исецкајте разновиден зеленчук, додадете зачини и сварете ја. Ако повеќе сакате крем супи, тогаш сварениот зеленчук може да го изблендирате.

Пијте најмалку 8-12 чаши вода дневно.

Исто така, многу е важно, храната да ја расподелите на неколку помали оброци, а ужината да се состои од овошје.

Кога на ваквиот начин на исхрана ќе додадете прошетки на свеж воздух и физичка активност, детоксикацијата ќе биде комплетна, ќе се чувствувате полесно, поенергично и поотпорно.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена