Поврзи се со нас

Вести

Како да ја подобрите циркулацијата на крвта

Објавено

на

Доколку крвта не циркулира нормално низ организмот, кај органите се појавува недостиг на кислород и хранливи материи, по што организмот не се ослободува од отровните материи во мера која е неопходна за да функционира нормално.

Лошата циркулација остава последици на кардиоваскуларниот систем. Иако овие болести делумно се наследни, на здравјето на срцето и црвените крвни зрна, особено влијаат нездравите животни навики, како: пушењето, отсуството на физички активности, несоодветна исхрана и друго.

Постарите луѓе се најмногу подложни на овие проблеми, бидејќи често се борат со покачениот шеќер во крвта, кој лошо влијае на циркулацијата, ги оштетува очите и периферните крвни садови, како вените и артериите.

Вообичаено, слабата циркулација на крвта најчесто се појавува во пределот на нозете. Медицинарите велат дека од таму започнува целиот проблем. Поради ова, болестите не се забележуваат кога се во најрана фаза.

Лекарите објаснуваат дека најпрво се појавува грчење и тежина во нозете. Овие симптоми се повлекуваат кога телото се одмора, но повторно се појавуваат при следната физичка активност.

Еден вид на слаба циркулација на крвта е атеросклерозата, која претставува процес што се појавува на ѕидовите од артериите, односно доаѓа до нивно задебелување, по што на нив се создаваат наслаги. Поради ова, артериите стануваат крути и слабо циркулираат. Под влијание на факторите на ризик – пушењето, физичката неактивност, дебелината, зголемените масти во крвта, овој процес, според лекарите, рано почнува и постепено ги зафаќа сите артерии и другите крвни садови. Така „пропаѓаат“ мозокот, срцето, бубрезите, очите и крвните садови.

Лекарите велат дека за да се зачува здравјето на крвните садови, но и другите органи, неопходно е крвните садови да бидат еластични. Ова се постигнува со здрав начин на живеење. Кај постарите луѓе, кои имаат поголем проблем со циркулацијата на крвта, се препорачува редовна физичка активност и внимателно осмислена исхрана, богата со незаситени масти.

1.Одете на прошетка

Еден од начините да се подобри циркулацијата во нозете се кратките прошетки. Лекарите препорачуваат утрински прошетки. Доколку оваа активност ја воведете веднаш, внимавајте на лизгавите тротоари и улици.

2.Масирајте ги нозете

Масажата е одличен начин за да се зголеми циркулацијата на крвта во нозете. Професионалните масери имаат посебни техники за масажа на стапалата. Доколку не можете да си дозволите масажа, снајдете се сами. На интернет постојат веб страници, каде што детално можете научите како да ги масирате стапалата. Вие само треба на пребарувачот на Google, да напишете „feet massage“. Ако ви е тешко сами да се масирате, земете едно сукало, ставете го на подот и со петицата тркалајте го. Прво тркалајте го со едната нога, па со другата. Постои уште еден метод за масажа на стапалата, а тоа наизменично туширање на стапалата со топла и студена вода.

3.Кружни движења

Оваа вежба е прилично лесна и можете да ја направите додека гледате телевизија. Испружите ги нозете и вртете ги стапалата во насока на стрелката од часовникот, десетина пати. Овој метод ќе ја зголеми флексибилноста и циркулацијата на крвта во нозете. После неколку вежби ќе почувствувате подобрување.

Храна што помага за крвта подобро да циркулира

За да имате добра циркулација на крвта, важно е да пиете доволно вода, чија количина треба да биде еден или два литри, дневно. Консумирањето на одредена храна, исто може да ви помогне за да имате подобра циркулација. На пример, лутите пиперки, ренот и ѓумбирот, можат да ви бидат од голема помош, а тука се и витамините Ц и Е, кои го чуваат целиот организам.

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена