Поврзи се со нас

Занимливости

Како да напишете впечатливо CV за работа

CV е документ кој ги опишува вашите квалификации, образование или работното искуство. Всушност, овој документ заедно со мотивациското писмо го формира првиот впечаток за вас во очите на работодавачот а единствена цел му е да ви обезбеди разговор за работата за која сте конкурирале. CV e скратеница од латинското „Curriculum vitae“, што значи историја на животот, резиме, или автобиографија.

Токму поради ова, на сивито треба да гледате како на маркетиншки документ со чијашто помош ги кажувате вашите вештини и способности кои ви го отвораат патот до работните места.

ШТО ТРЕБА ЕДНО CV ДА СОДРЖИ?

Секое CV мора да содржи неколку основни информации за вас, и тоа:

Лични податоци:
Во  овој дел треба да ги наведете своето име и презиме, датумот на раѓање, контакт телефонот и е-меил адресата. Не е лошо да ја напишете и адресата, за работодавецот да може да види каде живеете, иако тоа најчесто не е ни важно. Сите останати податоци се непотребни, освен ако од вас не се бара подетално да ги опишете бараните информации.

Образование:
Не се препорачува веднаш на почетокот да пишувате за тоа каде сте завршиле основно образование. Треба да тргнете од највисокиот степен на образование кое во моментот го имате, по да одите наназад.

Ако имате завршено некои специјални курсеви, кои се врзани за работното место за кое конкурирате, не заборавајте да ги спомнете и да ги приложите.

Работно искуство:
Во овој дел се даваат информации за вашето работно искуство, прикажани по обратен хронолошки ред, односно почнувајќи од последното работно место.

Можете да дадете и кус опис на вашето последно работно место, основните задачи кои сте ги работеле , како и своите резултати.

Останати способности:
Во овој дел можете да ги наведете странските јазици кои ги познавате, познавањето на работата со компјутер, објавени книги, статии… Кога станува збор за странските јазици, важно е да го наведете нивото на читање, конверзација и пишување со кое владеете.

Наведете ги и сите компјутерски програми со кои работите. Бидете внимателни при тоа, зашто изгледот на сивито може многу да покаже за вашите компјутерски способности и познавања.

Интереси и резултати:
Информациите за вашите интереси и резултати не се неопходни, но се препорачува да ги наведете, зашто така се добива поголема слика за вашата личност. Кажете со кое хоби се занимавате, но не претерувајте со предолг список, зашто би можело да се добие впечаток дека сивито го пополнувате со не толку важни податоци. Можете да ги наброите и поважните награди и признанија кои сте ги освоиле.

Додатни информации:
Во зависност од работното место за кое конкурирате, треба да процените кои други информации може да ви помогнат за да се одвоите од другите кандидати и да добиете шанса да докажете дека токму вие сте вистинската личност за тоа работно место.

Овде можете да го наведете брачниот статус, возачката дозвола итн.

ГРЕШКИ ПРИ ПИШУВАЊЕТО НА CV

  • Предолго CV: Целата информација којашто сакате да му ја дадете на потенцијалниот работодавец, треба да биде колку што може покуса и јасна. Не користете повеќе зборови отколку што е потребно.
  • Преголема употреба на прво лице: Ако во секоја реченица користите „Јас“, внесувате голема доза ароганција.
  • Печатни и правописни грешки: Многу е важно добро да го проверите сивито, за да не ви помине некоја грешка. Ваквите грешки, работодавецот може да ги сфати како недостаток на интерес или компјутерска неписменост.
  • Неорганизираност: Податоците во сивито, можат да бидат организирани во неколку делови и тоа: лични податоци, образование, работно искуство, странски јазици…
  • Лошо обликуван текст: Изберете убав фонт за вашето CV. Текстот треба да биде нареден на ставки меѓу кои има доволно место за работодавецот да може да ги скенира информациите без мачење додека ги чита неуредните делови или пасуси.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно