Вести
Како да постапиме во случај на земјотрес
Мерки кои треба да се превземат за време на земјотрес
Земјотресите може да траат од неколку секунди до неколку минути и затоа е многу важно да се знае како да се реагира за време на земјотрес затоа што тоа знаење може да помогне да се спречи да настанат поголеми повреди. Еве како треба да се реагира веднаш штом се почуствува земјотрес:
- Најважниот елемент е да не се создаде паника, да се остане смирен и разумно да се размислува. Веднаш се бара сигурна локација како што се маса, биро и се прилегнува(засолнува) под нив и се заштитува лицето и главата со рацете со цел да се заштити од некои летечки објекти. Ако во просторијата нема мебел ниту пак биро или сл тогаш веднаш се легнува на подот се прекриваат лицето и главата со рацете и се отползува до ќошот од собата. Може да се застане и под касата од врата доколку со сигурност знаеме дека под неа и над поминува некој бетонски носач или столб и секогаш треба да се засолниме што подалеку од прозори или опасни предмети. Се останува внатре се додека тресењето не престане.
- Да не се користат лифтови или скали за време на земјотрес, истражувањето покажало дека повеќето повреди настануваат кога луѓето се обидуваат да се преместат од една просторија во друга или се обидуваат да го напуштат објектот
- Ако сме на отворено се останува таму што сме, подалеку од улични светилки, згради, објекти и сл
- Ако се наоѓаме во автомобил се запира возилото што подалеку од електрични столбови, улични светилки, мостови, надвозници или други потенцијални опасни локации и се останува во него се до престанокот на опасноста. Потоа се продолжува претпазливо и се избегнуваат патиштата, мостовите и надвозниците кои се оштетени за време на земјотресот
- Ако сме затрупани под урнатините најчесто постои опасност од истекување на различни гасови и плинови затоа не е препорачливо да се пали чкорче кибрит или запалка, да не се движиме наоколу затоа што може да се крене прашина повеќе отколку што е и да се загушиме во самата прашина, да се прекрие устата со некое марамче или парче од облека и да пробаме да чукаме на некоја цевка или на ѕидот за да може спасувачите да не најдат. Може да се користи и свирче ако имаме на располагање. Ако неможиме да направиме ништо од претходното тогаш се почнува да се вика како последно средство затоа што со викањето можеме да вдишиме поголема количина на прашина.
Мерки кои треба да се превземат по земјотресот
- Се оддалечуваме од објектот на сигурно место и се очекува нов бран на земјотрес кој може да биде и со поголем интензитет од претходниот
- Се преминува кон давање на помош на повредените лица
- Се проверува структурното оштетување на објектот и ако тоа е забележливо не се влегува во него
- Се препорачува да се носат чевли постојано во случај да нагазиме на некој остар предмет или скршено стакло
- Се исчистуваат сите истурени и извалкани лекови, се собираат сите запаливи средства(бензин, запаливи течности и сл)
- Се напушта областа ако се осети мирис на плин или друг гас
- Се исклучува електричната, гасоводбата и други инсталации
- Се оставаат телефонските линии достапни и спремни за итна употреба
- Потребна е трпеливост затоа што во зависност од јачината на земјотресот потребни се часови а можеби и денови за да се обнови функционирањето на сите потребни служби
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар