Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како да се заштити кучето од топлотен удар?

Објавено

на

Во текот на големите горештини лете, не смее да се заборави ниту на домашните миленици, кои исто како и луѓето, можат да доживеат топлотен удар, познат како хипертермија. Тоа може да има сериозни последици врз нивното здравје.

Нормалната температура на кучето е од 38 до 39,2 степени Целзиусови, Сѐ над тоа е опасно. Кога внатрешната телесна температура на кучето надминува 42,8 Целзиусови степени, доаѓа до топлотен удар. Кучињата имаат два начини да се разладат: проширување на крвните садови и дишење. Кога дишат, ја испаруваат влагата од нивните јазици, носеви и слузницата на белите дробови, што ги лади додека воздухот минува низ влажното ткиво.

– Топлинскиот удар обично се случува кога високите температури на околината ја надминуваат способноста на кучето да ја „поднесува“ топлината. Степенот на влошување се одредува од тоа колку е висока температурата на телото и колку долго животното било изложено на тоа, вели ветеринарот д-р Џери Клајн.

Знаци на кои треба да се внимава

Топлинскиот удар кај кучињата е опасен по живот и може да има сериозни компликации. Постојат рани знаци на топлотен удар на кои треба да се обрне внимание и да се дејствува пред работите да станат премногу сериозни.

Тоа се: отежнато дишење и забрзано дишење, прекумерна саливација, светло-црвени непца и јазик, кожа топла на допир и зголемен пулс. Кучињата во топлотен удар стануваат хиперактивни и може да имаат потешкотии во рамнотежата.

Кои групи се најмногу изложени на ризик?

Најчувствителни се многу малите, како и постарите кучиња, кучињата со прекумерна тежина и оние кои не се во форма, бидејќи дополнително се напрегаат и трошат повеќе енергија во претерано топлата средина.

Една од најчестите причини за топлотен удар кај кучињата е оставањето на миленичето затворено во автомобил или во кафез или простор без свежа вода подолго време.

Како да се лекува топлотниот удар?

Прво и основно, треба да му помогнете на кучето да се олади, на еден од следниве начини: Кучето се носи на ладно место, шрскање или миење на кучето со студена (но не претерано студена) или млака вода, носење пред вентилатор или друг ладилник за воздухот.

Превенцијата е најдобриот лек!

Итно и правилно дејствување и спречувањето се исклучително важни бидејќи тоа може да бидат разлика меѓу брзото и целосно закрепнување и долгорочните последици. Некои ветеринари, исто така, предупредуваат дека кај кучињата кои претрпеле топлотен удар има поголема веројатност тоа да им се повтори.

За крај, советот гласи – одберете да го прошетате миленичето кога Сонцето ќе зајде. И никогаш не го оставајте во автомобил – можеби ќе си недостигате, но подобро е кучето да чека дома.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена