Здравје и убавина
Како да спречите појава на мувла во домот?

Со доаѓањето на зимата и затворањето на домот заради задржување топлина, лесно се заборава на важноста на проветрувањето и спречувањето мувла. Неколку едноставни чекори може да помогнат да се спречи појава на мувла во куќата.
Застоен воздух води до влага и појава на мувла. За да се спречи ова, Питер Фолдбјерг – одговорен за дневна светлина, енергија и клима во затворен простор во данската компанија „Велукс“ (VELUX), открива неколку практични и евтини совети. Според него, најдобро време за отворање прозорец коешто го намалува нивото на влажност во домот, се утрата и доцна навечер…
„Отворањето на прозорците веднаш по будењето и пред спиење може значително да го подобри квалитетот на воздухот во Вашиот дом. Ваквата вентилација не само што го спречува развојот на мувла, туку и ја изедначува температурата во спалната соба, овозможувајќи подобар и помирен сон“, вели тој.
Стручњакот препорачува кратко проветрување од 10 до 15 минути – три до пет пати на ден.
„Разбирањето на секојдневните активности во домот што предизвикуваат загадување во затворениот простор – како што се готвење, чистење, туширање, палење свеќа, сушење алишта внатре, па дури и спиењето и дишењето – е клучно за решавање на проблемот. Овие активности може да доведат до мувла и влага во домовите со текот на времето, што ќе влијае на нашата целокупна благосостојба“, вели тој.
Натаму, според наводите, сопствениците на куќи треба да се стремат кон енергетска ефикасност, со мерки како што се двојно застаклување и изолација на ѕидовите. Ваквите чекори значат намалување на трошоците за енергија, поефикасна заштита од студеното време и, следствено – помалку мувла.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос