Вести
Како да спречите прејадување

Додека уживате во вашата омилена храна се чувствувате блажено, се додека не ви дојде мачина во стомакот. На сите ни се случува некогаш да се прејадеме, но ако тоа ви се случува често може да се претвори во лоша навика.
Обидете се да спречите прејадување со следните совети:
Слушајте го својот стомак
Мозокот е побавен од стомакот. Тоа значи дека вашиот стомак бил преполн уште пред мозокот да даде сигнал дека сте прејадени. Потребно е најмалку 10 до 20 минути за да се почувствувате најадено. Научете да си го слушате својот желудник.
Јадете полека, џвакајте долго
Џвакањето е важно бидејќи му помага на организмот при варењето на храната. Му дава на мозокот време да регистрира ситост, па секој залак џвакајте го најмалку 30 пати.
Спуштете го приборот за јадење после секој залак
Ако постојано ја држите вилушката во рака, побрзо и постојано ќе јадете. Спуштете го ножот и вилушката и посветете се на џвакањето.
Откријте ги своите опасни зони
Наши опасни зони се забавите, филмовите и кујната на баба. Кои се вашите? Можете да направите стратегија како да го избегнете вообичаеното прејадување, или кажете НЕ кога вашата баба по трет пат ќе ви ја полни чинијата. Може да изедете нешто здраво пред да излезете од дома за да не бидете многу гладни. Истражувањата откриле дека ако испиете вкусен пијалак 30 минути пред јадењето, ќе изедете помалку храна.
Водете дневник на исхрана
Понекогаш кога пишувате можете да се чувствувате поодговорни за себе. Ако морате да ја запишете секоја коцка чоколадо, ќе изедете само неколку.
Стратегија за враќање на добар пат
Сите понекогаш скршнуваме од патот, но тоа не значи дека треба да се помириме со тоа и да се откажеме. Ако после излегување во петок вечерта сте изеле голем хамбургер, не значи дека цел викенд треба да се прејадувате.
Скротете ја желбата за храна
Научете да разликувате вистинска глад, и лажна глад предизвикана од емоции како стрес, досада и навика. Не ги лечете своите проблеми со храна. Ако имате желба за нездрава храна, шетајте или дружете се со пријателите, апетитот ќе го снема.
Напијте се вкусен напиток
Според едно истражување, слатките намирници поттикнуваат глад, а солените намирници ја потиснуваат гладта. Истражувањето докажало дека луѓето кои ќе испијат солен напиток пред оброкот, јадат храна со помалку маснотии.
Не правете повеќе нешта истовремено
Истражувањата покажале дека луѓето кои се сконцентрирани на она што го јадат, јадат помалку отколку оние што јадат додека истовремено работат на компјутер или читаат весник. Затоа најдете слободно време кое ќе го посветите само на вашиот оброк.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден