Поврзи се со нас

Деца Родители

Како детето да се оттргне од паметните уреди во зимскиот распуст?

Објавено

на

За време на зимскиот распуст активностите на отворено се намалуваат, па родителите, најчесто за да си олеснат себеси, им дозволуваат на децата да минуваат повеќе време „пред екраните“. Тоа, сепак, не е најдобрата опција за малечките, велат стручњаците. Конзумирањето медиумски содржини може да им наштети на децата при развивање емпатија, бидејќи ги отуѓува од социјалните интеракции и така тие го губат интересот за потребите на другите.

Но, има начини да се намали употребата на мобилни телефони и таблети кај детето. Пред сѐ, возрасниот мора да биде пример со тоа што самиот ќе ја намали нивната употреба. Детето прво учи од своите родители и се однесува според она што го гледа кај другите.

Поставете ограничување на користењето на уредот. На детето тоа нема да му се допадне на почетокот, но сите се навикнуваат. Тоа е еден од најдобрите совети за оттргнување од екранот.

Следна „неодоливата понуда“ со други занимливи и забавни содржини, на пр. друштвени игри за целото семејство. На овој начин, освен што помалку ќе се користат уредите, децата ќе научат и нови вештини додека играат.

Корисно е да се има место каде што ќе може, едноставно – да се остави мобилниот телефон, па и возрасните и децата ќе може да се посветат на пополезни и покорисни активности.

Важно е, секако, детето да остане зафатено со она што го правите. Дозволете му, на пр., да готви едноставни оброци или да учествува во чистењето на плакарот, а тоа да биде забавно. На овој начин и детето ќе се чувствува подобро, а и ќе стекне добри навики коишто подоцна во животот ќе му бидат од корист.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена