Поврзи се со нас

Спорт

Како Хабиб Нурмагомедов ги материјализираше своите победи во UFC

Објавено

на

Хабиб заработува најмалку 550.000 американски долари за секоја минута борба, но тоа не е целиот профит што тој го остварува.

Хабиб Нурмагомедов во 2012 година за првпат влезе во октагонот на шампионатот на UFC (Ultimate Fighting Championship). Оттогаш поминати се само седум години, а тој е веќе на првото место на ранг-листата на Форбс на најбогати руски ѕвезди од шоу-бизнисот и од спортот. Само во текот на последнава година има заработено 11.5 милиони американски долари. Да видиме како Нурмагомедов својот карактер и слава ги конвертираше во пари.

Борби во UFC

Дагестанскиот „орел“ за првата борба во UFC доби 16,000 американски долари, што во светот на мешовитите боречки вештини одвај беше доволно за да се платат подготовките за борбата. На почетокот од кариерата поголемиот дел од заработените пари (10.000-15.000 американски долари) Хабиб ги трошеше на подготовки и тоа беа најмалите можни трошоци.

Шестата победа во април 2014 година веќе му донесе 64.000 американски долари, а четири години подоцна Нурмагомедов го одржа мечот кој му донесе најголем приход во досегашната историја на УФЦ. За победата над Конор Мекгрегот тој доби 2 милиони американски долари, а земајќи го предвид процентот на продадени преноси заработи вкупно над 10 милиони американски долари. Продажбата на преносот против Ирецот беше седма според успешност од преносите на борбите против Американецот Ал Јаквинта во која Хабиб стана шампион.

Според неговиот менаџер Ризван Магомедов, Хабиб за борбата со Дастин Поари добил 3.5 пати повеќе одошто за мечот против Конор. Сега и за подготовки се трошат повеќе пари: „Авионски летови, диетолози, хотели, храна, тренери… Мислам дека сето тоа излегува околу 40.000 американски долари“, вели Нурмагомедов. Сепак, тоа е само капка во морето, со оглед на тоа дека Хабиб не заработува само од борби.

Договор со компаниите Рибок и Тојота

Нурмагомедов со години соработува со спортскиот бренд Рибок. Од 2014 година по низата тешки повреди, Хабиб не настапуваше на мечеви, и тој негов извор на приходи беше токму овој договор, покрај ММА на клубот Иглс. Шампионот на УФЦ во лесна категорија во 2019 година го продолжи договорот со Рибок за уште три години, а истата година потпиша договор и со Тојота. Вредноста на овие договори не е обелоденета.

Руски енергетски пијалак

УФЦ има официјален енергетски пијалак кој се вика Монстер. Како што наведува Форбс, овој бренд сакал да потпише договор со Хабиб како идол на младината која е целна група на производот. Меѓутоа, дагестанскиот борач го избра пијалакот Горила, кој во Русија го произведува Московската пиварница. Со неа во 2018 година потпиша тригодишен договор вреден над милион долари. Покрај тоа, Горила од 2019 година организира сопствени ММА турнири на кои учествуваат другарите од клубот на Хабиб.

Црн кил и „шериатски“ систем на парични трансакции

Нурмагомедов стана лице на брендовите Alhadaya и SalamPay. Првиот е казахстански производител на масло од црн ким, а вториот е сервис за парични трансакции.

Неодамна почна да заработува и преку Инстаграм. Во текот на 2019 година на неговиот профил има објавено 40 рекламни пораки, меѓу кои беше и црниот ким. Според определени податоци, рекламните пораки на профилот на Хабиб чинат најмалку 300.000 рубли (4.700 американски долари).

Рускиот борец на интервју за телевизискиот канал „Росија 24“ дојде во маица со реклама SalamPay. На сајтот на овој сервис пишува дека проектот има сертификат „Халал“ и дека има минато „шериатска експертиза“.

Книгата на Хабиб

Шампионот на УФС во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов (десно) на презентација на својата автобиографска книга „Времето на Хабиб“.

За волја на вистината, Нурмагомедов не прифаќа сè што ќе му биде понудено. На неговата „црна листа“ се кладилниците, алкохолот и цигарите. „Тоа е она што се одбива веднаш, без понатамошни разговори“, вели тој. Неодамна на оваа листа се најдоа и руските издавачки куќи „Ексмо“ и „Алпина“. Тие за објавувањето на биографијата му понудија на Хабиб само 150.000 рубли (2.347 американски долари) со 15% од постојаната заработувачка од продажбата во замена за сите права и за екранизација. Затоа Нурмагомедов и неговиот коавтор Заур Курбанов решија сами да ја издадат книгата. Вкупниот тираж изнесува 60.000 примероци. Книгата „Времето на Хабиб“ излезе на руски јазик во декември 2018 година, а се подготвуваат и изданија на англиски и на турски.

Сопствен бизнис и показни предавања

На списокот на сите останати приходи на Хабиб е и веќе споменатиот боречки клуб Иглс, во кој тој е генерален директор, а неговиот татко е главен тренер. Тука е уште и Центарот за боречки вештини „Хабиб“ кој тој самиот го основа.

Нурмагомедов како индивидуален бизнисмен поседува неколку заштитени брендови со своето име. Еден од нив е KHABIBGYM под кои борачот на ММА се занимава со продажба на големо на облека и на обувки. На претпријатието му го даде името „Сиљди“, според името на своето родно село. Рускиот борач исто така планира да отвори свои сали во Лондон, во Абу Даби, во Дубаи и во Москва.

И на крајот тука се показните предавања и настапите. На пример, за настап на деловниот форум „Синергија“ во 2019 година Хабиб, како што се претпоставува, добил помеѓу 60.000 и 70.000 американски долари. Влезницата чинеше 15.000 рубли. За тие пари Хабиб на присутните им даде три совети за успешен бизнис: „Првиот е верба во Севишниот, вториот е труд, а третиот е трпение“.

Извор: Russia Beyond

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена