Македонија
Како и кога се примаат новите воведени вакцини против Рота вирус и Пневмококна вакцина

Во Календарот за имунизација годинава воведени се две нови вакцини: против Рота вирусот и Пневмококна вакцина, информираа од Министерството за здравство.
Рота вирусот најчесто ги напаѓа доенчињата на возраст од 6 месеци и децата до 5 години. Се манифестира тешки проливи и повраќања, проследени со висока температура, што може да доведе дехидрација. Вакцинацијата против рота вирусот се спроведува орално во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци.
Пневмококната вакцина пак се дава интрамускулно, со инјекција. Се користи пневмококна вакцина, која штити од повеќе серотипови пневмокок, кои се поврзуваат со тешки инфекции кај децата. Детето може да прими од една до четири дози, во зависност од возраста на детето во моментот кога е почнато со вакцинација.
Актуелно тече Европската недела на имунизација во која преку разни активности се цели да се подигне свеста за редовно вакцинирање на децата.
„Со редовна вакцинација ги заштитуваме нашите деца, најблиски и пошироката заедница од тешки заразни заболувања. Високиот опфат на вакцинација на соодветна возраст, создава колективен имунитет.“, нагласуваат од Министерството за здравство.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024