Поврзи се со нас

Гостивар

Како ќе биде со патувањата? 5 работи што ќе се случат по пандемијата на коронавирус

Објавено

на

Поради пандемијата на коронавирус, поголемиот дел од светот е затворен дома, а движењето е крајно ограничено. Во таква ситуација, многу е тешко да се замисли да одите на патување, но експертите предвидуваат дека секторот за туризам ќе се опорави по пандемијата, како и по сите други кризи со кои сме се соочиле, пишува CNN Travel.

„Луѓето сепак ќе сакаат да патуваат, но ќе бидат повнимателни во нивното одлучување“, вели Адам Блејк , професор по економија на Катедрата за туризам и угостителство на универзитетот Борнмут во Велика Британија.

Иако е тешко во овој момент да се процени кога ќе исчезне ризикот од коронавирус, експертите се согласуваат дека ќе бидат потребни посебни напори и на луѓето ќе им се нудат дополнителни стимулации за патување по пандемијата.

Еве што предвидуваат светските експерти за тоа што ќе се случи во туристичкиот сектор:

1. Чистотата ќе биде многу важна
Чистотата на сместување и превозните средства отсекогаш била важна, а тоа дополнително ќе се потенцира по пандемијата на коронавирус.

„Секој – без разлика дали станува збор за крузер, приватен смештај или хотел, ќе треба да го сменат начинот на кој ги одржуваат и чистат местата каде што престојуваат гостите, но и начинот на кој тие информации ги соопштуваат на гостинот за да го зголемат нивото на удобност“, вели професорот Кристофер Андерсон во хотелскиот универзитет Корнел во Итака, Њујорк.

Ќе мора да се воведат нови видливи мерки за да им се укаже на гостите дека се грижат за нивното здравје. Овие нови мерки може да вклучуваат сe, од сеприсутната достапност на средства за дезинфекција на рацете, до често дезинфицирање на местата за гости.

2. Патниците може да се чувствуваат посигурни во хотелите
Ако приватните изнајмувачи не успеат правилно да искомуницираат и претстават она што прават кога станува збор за чистење и безбедноста на гостите во нивните станови и домови, патниците би можеле да му дадат приоритет на хотелското сместување. Хотелите имаат стандардни протоколи за одржување кои се видливи за гостите и кои му даваат доверба на клиентот.

3. Цените на хотелското сместување ќе паднат
Цените на хотелските усчуги во САД се намалија за 30 проценти во последната недела од март годинава.

„Цените ќе се намалат уште повеќе, пред гостите да се вратат назад“, вели аналитичарот Јан Фрајтаг од „ Lodging Insights“ за СТР Глобал.

4. Цените за крстарење ќе се намалат
Експертите за туризам предвидуваат и дека цените на пакетите за крстарење ќе паднат, а главниот предизвик ќе биде привлекување нови гости. Оваа гранка на туризам ќе се опорави од кризата ако бродовите се реконструираат и пренаменат за помал број на луѓе, но и доколку се воведат алтернативни опции за јадење наместо шведска маса.

5. Ќе се бараат авиони со помал капацитет на патници
На патниците поудобно ќе им биде да патуваат со авиони со помал капацитет. Исто така, се претпоставува дека авиокомпаниите ќе бидат пофлексибилни во почетокот со евентуални промени на датумите на летот.

„Авиокомпаниите ќе треба драстично да ги намалат цените на билетите во однос на минатото лето и да летаат со празно средно седиште за да создадат растојание меѓу патниците“, вели професорот Кристофер Андерсон.

Експертите предвидуваат и дека бизнисмените ќе бидат првите кои ќе започнат редовно да летаат и започнат со закрепнување на воздухопловната индустрија по пандемија на коронавирус.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Спортпред 5 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 6 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 9 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 10 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 12 часа

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 12 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 13 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 13 часа

Општина Гостивар: Дојавите за бомби се лажни, училиштата се безбедни

Гостиварпред 15 часа

Дојави за бомби и во училишта во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена