Технологија
Како ќе изгледа час по англиски јазик во Јапонија од идната година?
Јапонците од идната година ќе учат англиски јазик од роботи со вештачка интелигенција. Роботите кои го зборуваат англискиот јазик од идната година ќе станат дел од еден редовен час по англиски јазик во училиштата.
Имено, Јапонците ги бие глас дека се слаби со усниот и писмениот англиски јазик, па Министерството за образование планира да спроведе пилот-проект вреден 2 милиони евра кој би требало да им помогне за решавање на овој проблем.
„Роботите со вештачка интелигенција кои се веќе на пазарот имаат разни функции. На пример, можат да го проверат изговорот на англиските зборови кај учениците, што понекогаш им е тешко и на наставниците“, вели еден функционер од јапонското министерство за образование за АФП.
Јапонските училишта традиционално имаат проблеми со наоѓањето квалификувани наставници по англиски јазик.
Но роботите нема да бидат единствената мерка, на пример, учениците ќе добијат и апликации за таблети и мобилни телефони со лекции од изворниот говор на англискиот јазик.
Пилот-проектот ќе опфати околу петстотини ученици.
За две години Јапонија ќе почне да применува нов курикулум кој ќе бара со изучување на англиски јазик да се почне на 10-годишна возраст.
Според моменталниот курикулум, учениците почнуваат да го изучуваат англискиот јазик на 12-15 годишна возраст.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград