Поврзи се со нас

Македонија

Како ќе учат од дигитални учебници децата кои немаат ИТ уред?

Објавено

на

Министерката за образование и наука, Мила Царовска излезе со одговори на неколку прашања врзани со воведувањето на дигиталните учебници, кои според неа биле најчесто поставувани од родителите. Во продолжени ги пренесуваме прашањата и одговорите.

Немаат сите деца пристап до електронски уреди, како ќе учат?

Доколу од било кои причини некој ученик не е во можност да ги користи електронските учебници, училиштата имаат должност да ги испечатат и во хартиена форма да им ги доделат книгите, што значи материјалите за учење ќе му бидат достапни на секој ученик.

Понатаму, секое училиште ќе има обврска да обезбеди потребната количина ИТ уреди. Тие ќе се даваат на користење на учениците кои не поседуваат електронски уред за употреба на дигиталните учебници. Ова значи дека државата ќе биде одговорна секое дете да има пристап до уред. Согласно податоците со кои располага МОН добиени од училиштата, над 90% од учениците во моментов се вклучени во онлајн настава, односно имаат соодветна ИТ опрема. Недостигот на електронски уред е предизвик за околу 4000 ученици од сите одделенија и оваа бројка ќе ја сведеме на нула за многу кратко време.

Заштедата на средства по основ на печатење на учебници, ќе се реалоцира за поддршка на општините за набавка на електронски уреди токму за овие ученици, односно за учениците од социјално загрозени семејства. Учениците од прво до трето одделение секако ќе добиваат хартиени учебници, бидејќи токму тоа е период во кој децата го развиваат односот кон книгата. Лектирите и натаму остануваат во печатена форма.

Децата ќе поминуваат премногу време пред компјутер што ќе им штети, зошто да се прави ова?

Прво, реформата предвидува повеќе време поминато на училиште, имајќи предвид дека нашите ученици минуваат 900 часови помалку на училиште отколку учениците од развиените земји. Идејата е децата да ја совладуваат наставната материја во училница, преку интеракција со наставниците, а помалку да работат дома со родителите или на компјутер. Учебниците треба да им послужат само за потсетување на веќе поминатата материја. Второ, новите материјали за учење ќе наметнат учење со разбирање наместо фактографско учење. Тоа значи дека содржината се намалува, а се посветува внимание на квалитетот на податоци и факти кои се лесни за помнење и применливи во секојдневието. Учениците полесно ќе учат, а со тоа и помалку време ќе треба да поминуваат во учење.

Трето, новите генерации растат во дигиталната ера на ИТ технологијата која е составен дел од животите на најголем дел од нив. Користењето на таа технологија за учење, пребарување и истражување е всушност многу голема придобивка. Ова ќе значи градење на добар однос со технологогјата и интернетот, но и учење тие да се користат за продуктивни цели. Децата секако ги користат компјутерите и ИТ уредите за игри и социјални мрежи. Времето поминато во учење на компјутер е подобро поминато време.

Потребно е паралелно да има и хартиени и електронски учебници за децата да не го изгубат односот кон книгата

Децата од прво од прво до трето одделение ќе имаат печатени учебници токму за да го створат односот со книгите. Лектирите исто така остануваат во печатена верзија во сите одделенија.

Не постои ограничување за печатење на учебниците, кој сака може да има испечатен учебник и тоа да го направи самостојно или тоа да го направи училиштето. Воопшто не се огранучува употребата на печатените учебници туку се дава дополнителна можност и ресурс за дигиталното време.

Учениците во некои училишта немаа основни услови и реновирани училници, зошто се брза со дигитални учебници?

Реформата ќе се спроведува со буџет од 21 милион евра од кој голем дел е токму наменет за реконструкции и подобрување на условите во училиштата. Сепак, сите процеси и реформи треба да одат паралелно за нашите ученици да не заостануваат зад своите врсници од развиените земји. Затоа, максимално се посветуваме на подобрување на сите аспекти на образованието како инфраструктура, така и унапредување на програмите, дидактичките материјали и обезбедување обуки за наставниците.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена