Поврзи се со нас

Вести

Како настанале популарните гестови кои најчесто ги користиме кога се фотографираме

Објавено

на

Значењето на подигнат или спуштен палец, поздравување со тупаници и другите едноставни гестови кои ги практикуваме е познато на жителите на сите меридијани. Многу од нив ги користиме кога се фотографираме за инстаграм и во секојдневната комуникација, а нивната значење се менувало од епоха, во епоха.

Знаете ли како тие настанале и како ги добиле денешните значења?

1.Знак V

Два прста, еден знак, две значења.

Формирањето на латиничното V, со помош на показалецот и средниот прст, првобитното значење го добило во текот на Втората Светска војна, кога белгискиот политичар Виктор де Лавелје, во текот на радио емисиите на Би-би-си, им предложил на окупираните Европејци да го користат тој знак, како симбол на отпор. Во Франција овој знак симблилизирал слобода.

Де Лавелје верувал дека овој симбол, кој се распространил низ целиот континент, ќе ги деморализира нацистите. Најпрво оваа идеја ја распространил британскиот печат, а потоа станала популарна низ сите окупирани држави во Европа.

Два прста, користел и британскиот Премиер Винстон Черчил како знак за победа. Го присвоил и Ричард Никсон.

Што се однесува на популарната култура, овој знак се користел во 1970- те за реклами. Подоцна, кога бил општоприфатен во Европа, знакот V станал симбол за мир, а тоа така остана до ден денеска, кога се сликаме за инстаграм.

2.Среден прст

Покажувањето на средниот прст датира уште од стариот Рим, кога се нарекувал „непристоен прст“. Римјаните верувале дека со покажувањето на овој знак, кој го симболизира машкиот полов орган, ги отстрануваат уроците. Затоа, кога Римјаните ќе наиделе на некој, кој сака да им фрли урок, го покажувале магичниот среден прст за да се заштитат од клетвата.

3.Поздрав со тупаници

Овој гест го измислиле професионалните боксери, во седумдесеттите години од минатиот век, а веднаш потоа љубителите на боксот, почнале да го применуваат истиот гест.

Подоцна, овој гест станал популарен и меѓу играчите на бејзбол, кои со своите соиграчи наместо да се ракуваат, се допирале со тупаниците за да ја зачуваат кредата на дланките. Потоа, овој гест станува популарен и меѓу љубителите на кошарка, а не долго после ова, младата популација ширум светот го употребуваат како нормален поздрав.

4.Палец горе, палец доле

Веројатно овој гест ве потсетува на гладијаторските борби и одлучувањето на нивната судбина. Палецот насочен нагоре, значел дека гладијаторот е помилуван, додека палецот насочен надолу, дека гладијаторот го чека смрт. Меѓутоа, судејќи по некои извори било која положба на палецот, означувала: „Убиј го“, а прстот го преставувал чинот на прободување со мечот.

Векови подоцна, Французите и Англичаните на овој знак му дале други значења. Палецот дигнат нагоре означувал дека нешто е првокласно. Така палците насочени на горе, добиле позитивна конотација.

Сосема случајно и Кинезите со палците свртени нагоре, означувале нешто извонредно. Во текот на Втората светска војна, кинеските цивили со овој знак им пружале поддршка на „Летачките Тигри“, група на американски воени пилоти, кои летале со кинеската авијација помагајќи им за да се одбранат од јапонските бомбардери.

Денеска ова е само уште една инстаграм поза, зар не?

5.Салутирање

Салутирањето настанало од гестот вадење на шеширот, со кој се укажува почит. Кодексите, кои ги одредувале правилата за однесување на британската војска во осумнаесеттиот век, налагале да ги извадат капите пред нивните надредени.

Меѓутоа, со текот на времето капите станале непрактичен и старомоден начин на салутирање. Од тогаш се применува поздравот, со допирање на главата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 4 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 6 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 8 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 8 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 9 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 10 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 12 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 14 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена