Технологија
Како паметно да го искористите вашиот стар андроид?

Си купивте нов телефот и стариот веќе не ви е потребен? Пред да одлучите да го фрлите, подразмислете, затоа што и од стариот андроид, се` уште можете да имате корист. Прочитајте за што се` може да ви се најде:
Музички плеер
Еден од најпопуларните начини за повторна употреба на стариот телефон е да ги избришете сите апликации од него и да го претворите во музички плеер. Со стриминг може да си слушате музика од сите онлајн сервиси или дигитални радио станици низ светот.
Аларм
Има многу апликации кои ќе го претворат вашиот стар телефон во совршен часовник со будилник.
Само ставете го телефонот на полица или на наткасната во спалната, приклучете го во струја и имате часовник што ќе ве буди на пример, со вашите омилени песни.
Wi-Fi продолжувач – Ако имате слаб Wi-Fi сигнал во вашиот дом или канцеларија, можете да го проширите опсегот на сигналот користејќи го вашиот стар Android уред. За таа намена треба да инсталирате посебни апликации.
Далечински управувач
Многу телефони имаат „IR blasters”, што значи дека тие можат да се користат како далечински управувачи за вашиот телевизор.
На Google Store има неколку апликации кои можете да ги користите, за да го претворите стариот телефон во далечинско, а многу големи компании имаат специјални апликации за нивните телевизори.
Автомобилска камера
Овие камери станаа многу популарни во последниве години, бидејќи со помош на видео камерата во автомобилот можете да ја секоја ситуација во која може да се најдете при сообраќајниот метеж. Многу телефони можат да снимаат HD видео и да имаат GPS следење.
Безбедносна камера
Вашиот стар Android телефон може да го искористите и како безбедносна камера во вашиот дом.
Сервисите како што се Manything ви овозможуваат да пренесувате слики на нов телефон во реално време, да поставите опции за камерата да пали врз основа на откривање на движење или да испраќате говорни пораки за да го отстраните крадецот од вашиот дом.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите