Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како полесно да ја контролирате лутината

Објавено

на

Лутината е човечка емоција со која се соочува секој од нас и не претставува поголем проблем сè додека можеме да ја контролираме.

Доколку често ви се случува да излезете од контрола и да не можете да се справите со лутината, имате проблем кој ви штети вам, но и на луѓето околу вас.

Гневот кој го чувствувате и постојаните ситуации во кои покажувате лутина можат да предизвикаат висок крвен притисок, депресија, срцев удар и ред други здравствени проблеми.

За да избегнете многу непријатни ситуации во кои агресивно ја покажувате лутината, но и да го заштитите вашето здравје, потребно е да посветите време на нештата кои ќе ви помогнат да ја контролирате лутината.

Препознајте ги првите знаци на лутина и гнев
Срцето ви чука забрзано, дишењето е плитко и побрзо, чувствувате грчеви во телото, напнатост во рамената… Тоа се првите знаци на лутината која подоцна не ќе можете да ја контролирате, па доколку ги почувствувате веднаш предупредете се себеси. Избројте до 10, потсетете се дека не смеете да избувнете бидејќи тешко ја контролирате лутината, обидете се да се смирите, вдишете смирено и длабоко и обидете се да ги тргнете мислите од ситуацијата која ве налутила.

Нешта кои ќе го намалат бесот и лутината
Не е доволно само да се изброи до 10 секогаш кога ќе почувствувате гнев и лутина. Потребно е да работите на квалитетот на својот живот, за да се ослободите од постојаните напади на лутина и избувливост.

Што може да ви помогне?
Физичка активност, трчање, пешачење, медитации, јога, секојдневни вежби… сето тоа ментално ќе ве смири, ќе го намали стресот, а со тоа и лутината и гневот поретко ќе ве обземаат.

Контактите со позитивни луѓе, разговор со пријателите за нештата кои ве прават гневни и согледување на вашата ситуација од друг агол може навистина да ви помогнат да согледате дека често реагирате без причина и непотребно манифестирате лутина.

Најдете некоја креативна активност која ќе ве опушта и ќе ви помогне да го намалите стресот. Животот е премногу краток за да го живеете налутени и гневни. Контролирајте ја лутината за да ја видите другата страна на животот, онаа позитивната, смирената, каде нештата се решаваат со љубов и разбирање.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена