Вести
Како градинарството ви го подобрува здравјето
Преку овој текст ќе ви го насочиме вниманието на пет изненадувачки начини преку кои, поминувањето на време во градина го подобрува здравје.
Неодамнешно истражување се занимаваше со прашањето – како одгледувањето на овошје и зеленчук и одгледувањето на растенија, може да биде во корист на вашето ментално здравје? Како одгледувањето на растенијата влијае на вашиот ум, а не само на начинот на исхрана?
Веројатно безброј пати сте слушнале и прочитале дека одгледувањето на свој, органски зеленчук има позитивно влијание на вашето здравје. Но, не е само конзумирањето на одгледуваниот зеленчук што ве прави здрави.
Ги намалува стресот и анкциозноста
Само 30 минути дневно поминати во градина и занимавање со растенијата го намалува стресот, ги активира мускулите, го опушта мозокот и позитивно влијае на намалувањето на нападите од анкциозност. И другите активности како слушање на музика и читање книги, помагаат, но во многу помал процент и со помал интензитет, отколку времето поминато на воздух во градина.
Го намалува ризикот од дијабетес и болести на срцето
Одлгедувањето на каков и да било вид на растенија, бара и одредена физчка активност, па со тоа движењето влијае на смалувањето на стресот. Стресот е број еден непријател на вашиот организам, а пријател на дијабетесот и болестите на срцето. Освен времето поминато во градина, времето поминато на свеж воздух, подразбира движење, кое е неопходно за да се чувствувате добро и во подоцнежните години. А, на крајот на денот имате свој произод, овошје или зеленчук, кои ќе ги искористите за подготовка на следниот оброк и за кои сте сигурни дека се природни и немаат отровни хемикалии.
Среќата е во малите работи
Што помалку време поминувате надвор, помалку сте среќни. Научно е докажано дека луѓето се чувстуваат подборо кога времето го поминуваат надвор, отколку во затворен простор. Грижата за растенијата и градината, секако подразбира дека ќе поминувате време надвор, изложени на воздух и на сончевите зраци. Доколку не се занимавате со градинарството, никогаш не би поминувале толку време надвор.
Тренинг на мозочните ќелии
Истражувањето направено од едно списание, чиј што фокус е Алцхајмеровата болест, покажало дека бавењето со земјоделие и одгледување на растенија може позитивно да делува и до некаде да ги ублажи симптомите на болеста, поради што личноста мора сама да се активира во процесот на садење, грижињето за плодовите, а на крајот и во нивното собирање, кои позитивно делуваат на работењето на мозокот.
Ќе спиете подобро
Како што претходно споменавме, времето поминато во градина, бара и соодветна физичка активност, што во краен случај доведува до зголемување на заморот, поголема потреба за сон, кој е квалитетен поради неколку причини – намалено е чувстовото на стресот, се чувстувате покорисно, знаејќи дека тоа што го работите, првенствено ви помага вам, а заедно со физичкиот напор преставува комбинација за цврст и мирен сон.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград