Вести
“КАКО СЕ РОДИ ГОСТИВАРСКАТА КОШАРКА 2017” – Бура од емоции, аплаузи, солзи.. (фото галерија)
Денешниот натпревар што КК Гостивар го одигра на домашен терен против КК Куманово го одбележа еден незаборавен момент кој предизвика бура од емоции во гостиварската спортска сала. На големо задоволство на тимот и целата гостиварска јавност, во публиката беа хероите од фељтонот “КАКО СЕ РОДИ ГОСТИВАРСКАТА КОШАРКА” кошаркари од првата петорка на клубот, дојдени да ги бодрат “бело-сините” и да се потсетат на времето кога и самите биле дел од магијата под кошот: Петар Илоски, Добривоје Лазарески и Војо Тримчески. Не беа заборавени и останатите кошаркари од првата кошаркарска екипа Милош Ѓурчиноски, Петко Наумчески, Симе-Лиса кои заиграа 1954 година.
Од Управата на КК Гостивар добија благодарници, а публиката својата почит ја покажа со силен повеќеминутен аплауз. Повторното излегување на терен пред гостиварската публика не ги остави рамнодушни некогашните кошаркари, видно возбудени и среќни не можеа да ги сокријат емоциите и солзите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар