Здравје и убавина
Како секојдневното кукање ја менува структурата на мозокот?

Науката докажа дека човечкиот мозок е неверојатно флексибилен. Ако се вложи малку повеќе време и труд, може да се обликува едноставно, како пластелин.
Благодарение на брзиот развој во невронауката во последните две децении, со сигурност може да се потврди дека мозокот е способен за реинженеринг – и дека ние самите сме инженери.
Норман Доидџ е психијатар и автор на книгата „Мозокот што се менува самиот“. Неговото тврдење е дека мислата ја менува структурата на мозокот. „Имам видено како луѓето го менуваат мозокот со мислите за да ја излекуваат претходно неизлечливата опсесија или траума“, вели стручњакот.
Секојдневното кукање ја менува структурата на мозокот кон негативно – депресија и анскиозност.
Сите знаеме некој што постојано е негативен и се чини дека никогаш не е задоволен. Речиси секогаш се жали за нешто, негодува и е нерасположен. Уште полошо, таквите луѓе што постојано се жалат не се задоволуваат со тоа да ги задржат своите мисли и чувства за себе, туку бараат некој што ќе ги ислуша.
Истражувачите од Универзитетот „Клемсон“докажале дека сите се жалиме понекогаш. Само некои тоа го прават почесто од другите. Некои луѓе се жалат за на тој начин да привлечат внимание и секогаш размислуваат дека ним им е потешко отколку на другите луѓе.
Некои се хронично незадоволни. Ако не зборуваат за своите тешкотии, тогаш веројатно размислуваат за нив.
Ова компулсивно однесување психолозите го нарекуваат руминација, што се дефинира како постојано размислување за проблемот без крај. Руминацијата, за жал е директно поврзана со депресивниот и анксиозниот мозок.
Луѓето што постојано се жалат имаат понизок емоционален коефициент на интелигенција, неопходен за разбирање на емоциите. Нив не ги интересира вашето гледиште, размислување или чувства. Тие секогаш ја користат секоја можност за да ви се пожалат.
Постојаното жалење и кукање, неминовно ќе ги промени мисловните процеси. Менувањето на мислите води до менување на уверувањата, што води до промена на однесувањето. Нашиот мозок повеќе се фокусира на негативните околности отколку на позитивните.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар