Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како студеното време предизвикува настинка?

Објавено

на

Ако сакате да се заштитите од настинките во зима, тогаш ќе треба да си го покриете носот.

Наодите од едно истражување направено на Универзитетот „Јеил“ покажуваат дека вирусот што ја предизвикува настинката може многу поефикасно да се размножува во поладна средина, како што е носната празнина, отколку во внатрешноста на телото.

Ова откритие ја поткрепува популарната, иако се’ уште оспорувана, идеја дека веројатноста луѓето да настинат е поголема при пониски температури. На истражувачите одамна им е познато дека риновирусите (rhinovirus), најчестите причинители на настинката, полесно се размножуваат во носната празнина каде температурата е малку пониска, отколку во потоплите делови, како што се на пр. белите дробови.

За да ја испитаат врската помеѓу температурата и имуниот одговор, истражувачите вршеле испитувања на клетки земени од дишните патишта на глувци. Тие ги инкубирале клетките  на две различни температури: на нормална телесна температура од 37 °Cи  на малку пониска температура од 33°C. Наодите покажале дека на пониска температура, природниот имунитет кон риновирусот е послаб, што му овозможува на вирусот полесно да се размножува, во споредба со имуниот одговор при нормална телесна температура.

Истражувањето јасно укажува дека температурата влијае на имуниот систем повеќе отколку самиот вирус. Иако е вршено на клетки од глувци, тоа може да биде од корист и за луѓето, а особено за околу 20% од луѓето кои постојано го имаат риновирусот во носната празнина.

„Се чини дека колку е пониска температурата , толку е помал природниот имун одговор кон вирусот. Со други зборови, истражувањето покажа дека нашите баби се во право кога велат да се облечеме топло и да го покриеме носот за да не настинеме“, вели Акико Ивасаки, професор по имунобиологија на Универзитетот „Јеил“.

Истражувачите од Јеил се надеваат дека овие наоди за тоа како температурата влијае на имуниот одговор ќе можат да се применат и на други состојби, како што е астмата кај децата. Додека за повеќето луѓе  настинката не е ништо повеќе од обична непријатност, кај  децата кои страдаат од астма може да предизвика сериозни проблеми со дишењето. Натамошните истражувања би можеле да се насочат кон испитување на имуниот одговор кај астмата предизвикана од риновирусот.
Истражувањето е објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена