Поврзи се со нас

Занимливости

Како тоа го прават Унгарците: За брак, заем од 30.000 евра, отпишување на заемот по раѓање на трето дете, екстра додатоци за бабите и дедовците..

Објавено

на

Проблемот со иселувањето на запад и опаѓањето на наталитетот станува се посериозен проблем во овој дел од Европа. Многу власти во регионот меѓу кои и нашата се обидуваат да ги задржат младите и стимулираат демографскиот развој, но со ваков пристап тешко дека ќе ги одвратат младите кои веќе со мислите се на запад.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, сериозно го има сфатено овој проблем, па во неделата во традиционалното обраќање до нацијата најави нова серија на придобивки за семејствата се со цел да ги задржи во својата земја. Новите мерки вклучуваат поголем заем за семејства со најмалку две деца за да им помогнат да купат сопствен дом, потоа субвенции за купување автомобил и ослободување од данок за жени кои одгледуваат најмалку четири деца, финансиска поддршка за бабите и дедовците и ред други поволности, пренесува унгарската новинска агенција МТИ.

-Жените под 40 години кои се венчаат за прв пат, можат да добијат заем од 10 милиони форинти (30.000 евра). Третина од заемот ќе се отпишува кога ќе се роди второто дете, а целиот заем ќе се отпише по раѓањето на третото.

-Бабите и дедовците кои се грижат и помагаат во одгледувањето на внуците додека нивните родители работат ќе бидат дополнително стимулирани за тоа со додаток за грижа за деца и грижа за мали деца наместо родители.

-Семејства со најмалку три деца добиваат субвенција од државата од најмалку 2,5 милиони форинти (околу 7.500 евра) за купување на  автомобил со седум седишта.

– Додека, жените кои родиле четири или повеќе деца да бидат ослободени од персоналниот данок на доход до крајот на животот.

-Владата ќе ги враќа хипотекарните кредити до 1 милион форинти на семејствата кои се задолжени, а имаат две или повеќе деца.

-Нови поволни заеми за купување на свој дом, за кои гарант за заемот ќе биде државата.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена