Гостивар
Каков имот пријавил во анкетниот лист градоначалникот Арбен Таравари?

Првиот човек на Општина Гостивар, Арбен Таравари како личен имот поседува моторно возило „волво“ и банкарски депозит од 670 илјади денари. Ова градоначалникот го пријавил во анкетниот лист за имотната состојба како функционер, што се поднесува во Државната комисија за спречување на корупција.
Таравари нема пријавено недвижен имот на негово име, а пријавил стан од 94 квадрати во Скопје, сопственост на сопругата, како и две куќи (335 и 55 квадрати) и деловни простории во Гостивар и градежно земјиште во Тетово, како имот на родителите. Во анкетниот лист стои дека со сопругата имаат заеднички имот – уметнички слики во вредност од 245 илјади денари. Како имот на брачен другар, градоначалникот пријавил и златен накит во вредност од 1,3 милиони денари.
Актуелниот анкетен лист не се разликува многу, од оној што Таравари го поднел кога стапи на функцијата министер за здравство.
Анкетниот лист е објавен на веб страната на Државната комисија за спречување на корупција.
Правилата налагаат секое избрано или именувано лице до Државната комисија за спречување на корупцијата да поднесе Образец за имотна состојба – Анкетен лист, во рок од 30 дена по иборот/именувањето на функцијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите