Занимливости
Каква боја на очи ќе има вашето дете?

Бојата на очите, како и бојата на косата, се генетски предиспонирани и наследни физички карактеристики кај потомството.
Како децата ја наследуваат бојата на очите?
Бојата на очите или бојата на косата како наследни особини детето ќе ги наследи или од родителите или од блиските роднини. Затоа, во зависност од физичките карактеристики на родителите или роднините, со сигурност може да се утврди каква боја ќе имаат очите и косата на детето.
Кај новородените бебиња до првата година од животот, оваа боја е подложна на промени. Но, во зависност од бојата на очите на родителите или блиските роднини на новороденото дете, детето ќе ја има таа боја по првата година.
Бидејќи гените се мешаат, децата знаат да ги „повлечат“ гените од претходните генерации. Тогаш нивната боја на очите може да биде многу необична и воопшто не слична на онаа што ја имаат нивните родители.
Генетичарите направиле дури и релативно прецизна табела од која со одреден процент на прецизност може да се прочита каква боја на очите ќе има детето.
Каква боја на очи ќе има вашето дете?
Кафеавата боја на очите е доминантна. Ако и двајцата родители имаат кафени очи, во 75% од случаите детето ќе ја наследи таа конкретна кафена боја на очи, додека само 18,75% ќе имаат зелени или 6,25% сини очи.
Ако еден од родителите има зелени или сини очи, постои 50% шанса детето да има доминантна кафена боја. Ако еден од родителите има зелени очи, шансите детето да има зелени очи се 37,5%, додека само 12,5% од децата ќе имаат сини очи. Ако еден од родителите е синоок, детето никогаш нема да има зелени очи, што е интересен податок, но затоа се зголемуваат шансите детето да има сини очи до 50%.
Ако двајцата родители имаат зелени очи, помалку од 1% од децата ќе имаат кафени очи. Сепак, најголеми се шансите детето да има зелени очи, дури 75%, додека има 25% веројатност дека ќе има синооко дете од зеленооки родители.
За родителите кои имаат сини и зелени очи, шансите да имаат дете со сини или зелени очи се половина – 50% за зелените очи, 50% за сините очи.
Меѓутоа, ако и двајцата родители се синооки, речиси е сигурно (99%) дека и нивното потомство ќе биде синооко, а само 1% дека ќе биде дете со зелени очи.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!