Гостивар
Каква е актуелната состојба со морбили во Гостивар?

Според последните извештаи на Институтот за јавно здравје, бројката на новозаболени од мали сипаници на државн0 ниво, се намалува. Во периодот од 2 до 8 август, евидентирани се пет нови случаи, сите од Скопје. Епидемијата се` уште е на сила, но стивнува.
На поширокото гостиварско подрачје нема новозаразени од морбили во изминатите три недели. Последните два случаи беа регистрирани во периодот од 13 до 19 јули и со нив вкупната бројка на заболени во гостиварскиот регион достигна осумдесетина.
Иако ширењето на болеста се стишува, препораките на медицинарите остануваат исти: невакцинираните деца и возрасни да ја примат вакцината против МРП (морбили, рубеола, паротит), како единствен начин на заштита и за јакнење на колектинвиот имунитет.
Во Македонија, од почетокот на епидемијата морбили фатиле скоро 1.900 граѓани. Во црвена фаза, со најмногу заболени се градовите Скопје, Куманово и Струга.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, во целата република изнесува 34.926. Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани 6.127 дози на вакцина, од кои над 60% ги примиле здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош