Поврзи се со нас

Македонија

Каква храна јадеме? Откриени генетски модифициран ориз и соја

Објавено

на

Агенцијата за храна и ветеринарство откри две пратки со производи позитивни на ГМО, при реализација на Програмата за мониторирање на безбедноста на храната во Република Македонија, соопшти денес на прес конференција директорот на Агенција, Зоран Атанасов.
-Првата позитивна мостра е од ориз, по потекло од Кочанско, кој е произведен од увозен семенски материјал. Станува збор за количина од 550 килограми. Мострите од оризот се земени од магацин на операторот со храна, односно, количините кои ќе бидат нештетно уништени воопшто не биле пуштени во промет. Кај соини шницли и соини презли во вкупна количина од 510 килограми, исто така со лабораториско испитување е утврдено присуство на ГМО. За нив се чекаат резултатите од суперанализите, кои на барање на операторот со храна се вршат во референтна европска лабораторија. Дел од количините биле пуштени во промет и тие се повлечени и заедно со остатокот во магацинот се ставени под официјален надзор до добивање на резултатите од суперанализата, истакна Атанасов.
Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува план за контрола на потеклото на ГМО на годинешнава, нова реколта ориз. Во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се утврдува потеклото на семенскиот материјал ориз кај кој е утврдено присуство на ГМО, односно, ќе се проверува колкави количини, од кои сорти и од кои земји се увезени.

Препознавањето на производите кои содржат ГМО од страна на граѓаните не е можно, ако производите не се декларирани, односно ако не е извршено лабораториско тестирање, рече  Атанансов и најави дека во наредниот период, ќе има засилени контроли за присуство на генетски модифицирани организми во храната.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 4 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 6 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 7 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 9 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 10 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 11 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 14 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 15 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена