Поврзи се со нас

Технологија

Какви биле првиот мобилен телефон, лап топ, дигитален апарат

Објавено

на

Смарт телефоните со милион опции, ајпадите, малите компактни фото апарати и семоќните модерни лаптопи, се неизбежен дел од нашето секојдневие. Овие направи, на кои денешниот човек е навикнат и без кои тешко би можел да функционира, се резултат на достигнувањата и развојот на технологијата.

Но, дали некогаш додека лежерно шетате по тач скринот на вашата омилена „играчка“, сте помислиле како таа би изгледала ако технологијата не одеше напред низ годините? Што ако мобилните, лаптопите, фото апаратите останеа на своите првични верзии и не се создадоа нови, подобрени модели?

Еве какви ќе беа!

Озборн 1, е првиот направен лаптоп, а во продажба бил пуштен во април, 1981 година, од страна на Osborne Computer Corporation. Тежел скоро 11 килограми и бил сместен во кутија која не се одделувала од компјутерот. Озборн 1 имал 5 инчен екран и 4MHz процесор. Немал мобилна батерија, со струја се напојувал преку кабел директно од штекер, но и покрај тоа се сметал за лаптоп бидејќи можел да се носи во раце кога бил исклучен и спакуван во кутијата.

Motorola Dyna е првиот мобилен телефон и датира од 1973 година. Тежел повеќе од еден килограм, имал облик на голема бела тула, батериите му се полнеле за 10 часа, а се празнеле за 20 минути.  Имал можност за меморирање на 30 броеви и тоа е се`. Без можности за смс, блутут, GPS…

Првиот обид за дигитален фотоапарат го направила компанијата Кодак во 1975 година.  На овој апарат му биле потребни 23 секунди да направи црно – бела фотографија која се снимала на касета. Се одликувал со резолуција од 0.01 мегапиксели и бил гломазен и прилично тежок.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена