Поврзи се со нас

Гостивар

Какви кадри им требаат на бизнисите во Гостивар?-Учи паметно, работи стручно

Објавено

на

Претставници од средните стручни училишта и приватни компании од Гостивар денес дискутираа за тековите на локалниот пазар на труд и потребата од одредени профили на работници. Дебатата ја организираше Секторот за образование на Општина Гостивар под слоганот „Учи паметно, работи стручно“ во склоп на кампања за дуално школување, што ја спроведува Министерството за образование и наука.

„Ова е добар проект што во Гостивар веќе заедно го реализираат стручните училишта и компаниите, каде учениците можат тоа што теоретски ќе го научат во училиште, практично да го применат. Во 2019/2020 година дуалното образование почна во техничкото училиште со компанијата ЕВН и од тука имаме веќе завршени кадри, од кои некои и се вработија. Како општина гледаме голем интерес и кај учениците и кај фирмите и сметаме дека треба да се спроведува во стручните училишта и да се поддржува.“, рече раководителката на Секторот, Аслијан Снопче.

Концептот на дуално образование значи учење преку пракса.

„Сметам дека од дуалното образование е вин-вин ситуација, од која придобивка имаат и учениците и бизнис секторот. Од средните стручни училишта во Гостивар верувам дека излегуваат способни и квалификувани кадри кои добро ќе си ја вршат работата за која се определиле.“, рече на дебатата градоначалникот Арбен Таравари.

Свои излагања и презентации на настанот имаа координаторите на проектот од економското, медицинското и техничкото училиште, како и фирмите партнери во активностите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена