Вести
Какви лектири читаат учениците? – Писателите ќе бараат преиспитување
Друштвото на писатели на Македонија најави иницијатива за преиспитување на содржините на лектирите за основно и средно образование. Писателите оцениле дека книгите-лектири кои се дел од наставната програма за учениците во голем дел не кореспондираат со вистинските вредности во делот на класичната литература, но и со новите трендови во домашната и светската книжевност.
ДПМ ќе побара од Министерството за култура и од Министерството за образование и наука со помош на експерти да ги прочистат лектирите според естетските параметри и реалните очекувања од современиот образовен систем, сметаат дека е потребно и ослободување на изборот на авторите и делата од идеолошки и други нелитерарни мотиви.
Иницијативата ќе биде покрената на редовното годишно собрание кое ќе се одржи на 22-ри јуни.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград