Вести Гостивар
Какви проекти предложија гостиварци на првата форумска сесија?

Отворање на народна кујна, Центар за аутизам, поставување мерни станици за квалитет на воздух близу фабриките, реконструкции во училишта… Ова се дел од проектите кои беа предложени од страна на граѓаните кои учествуваа на првата форумска сесија, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети” преку кој за Гостивар се обезбедени 50 илјади швајцарски франци. Активностите продолжуваат понатаму, со дискусија околу предложените проекти, на втората форумска сесија, која ќе се одржи следната недела.
Правилата дозволуват финансирање на еден до три проекти, кои ќе бидат избрани на последната, четврта сесија со гласање на граѓаните. Право на глас ќе имаат оние граѓани кои учествувале на најмалку три од сесиите, а избраниот проект треба да опфаќа социјална кохезија.
„Целта е да се зголеми социјалната инклузија во Општина Гостивар и граѓаните да бидат дел од планирање и реализирање на проектите“, изјави Бесим Догани, од општинската канцеларија за локален економски развој.
На првата форумска сесија се обрати и претседателот на Советот на Општина Гостивар, Насир Муслиу, кој истакна дека ваквите проекти се од големо значење за граѓаните и ќе придонесат за подорбување на одредени состојби во општината.
Проектот „Зајакнување на општинските совети” е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка, а се спроведува преку Програмата за развој на обединетите нации (UNDP).
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја