Поврзи се со нас

Гостивар

Какво е значењето на велигденските симболи?

Објавено

на

Велигден, како еден од најголемите христијански празници ја носи симболиката на обновувањето на животот, простувањето, будењето на природата. Обичаите и традициите со кои се слави празникот се дамнешни и вече вкоренети кај луѓето како неизбежен дел од велигденското одбележување. Иако се општо прифатени, за некои од нив малку се знае. На пример, кое е значењето на велигденските симболи како јагнето, цвеќето, зајачето, огнот, пеперутката…?

Да започнеме од пеперутката. Пеперутката има неколку фази на развој, и токму преку неа симболично се претставени и фазите од животот на Исус, но и на христијаните. Првата фаза, гасеницата, го претставува земниот живот, човечката преокупираност со обичните, секојдневни нешта, желбата да се задоволат физичките потреби. Гасеницата, исто така го претставува и периодот од животот кој Исус го поминал на Земјата. Следната фаза во која гасеницата се обвиткува во кожурец и не покажува знаци на живот го претставува распнувањето, гробот на Исус Христос, како и смртта која е дел од животот на секој човек. Последната фаза, пеперутката, е симбол на новото раѓање, воскресението, новиот живот во кој нема место за материјалното, каде царува  духовноста, кон која треба да се стреми секој верник.

Велигденскиот оган претставува симбол на сонцето, кое го овозможува животот на Земјата. Со велигденскиот оган се поздравува сонцето како заштитник на плодноста и повторното растење, раѓање.

Јагнето исто така е еден од симболите на Велигден. Јагнето ги симболизира христијаните, кои го гледаат Исус како добар овчар кој го чува своето стадо. Јагнето доаѓа на свет во пролет. Израелците ја користеле јагнешката крв за да ги спасат првороденчињата во Египет.

Зајачето најчесто е дел од декорацијата и украсите на овој голем христијански празник. Овој симбол потекнува од пред развитокот на христијанството и  традиционално се поврзува со плодноста и богатството. Постои легенда според која Велигденскиот зајак некогаш бил голема и убава птица и и’ припаѓал на една божица. Еднаш таа се налутила и ја претворила птицата во див зајак и бидејќи тој се уште е птица по душа, продолжува да прави гнезда и да ги полни со јајца. Значењето на самото зајаче е размножувањето и се врзува со желбата да се зголеми бројот на членовите во фамилијата.

Цвеќињата како кринот и белиот нарцис со својата бела боја ја симболизираат чистотата на Мајката Богородица.  Постои и легенда според која нарцисот прв пат изникнал во Гетсиманската градина ноќта на Тајната вечера, за да го утеши Исус во моментите на тага и бол. Расцветувањето се гледа и како симбол на христовото издигнување од мртвите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 26 минути

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 48 минути

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 2 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 3 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 18 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 19 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 21 час

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена