Гостивар
Какво ќе биде времето во новата работна недела?

Времето денес ќе биде умерено облачно, со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 25 степени.
Од вторник настапува заладување. Ќе преовладува умерено облачно време, можни се краткотрајни врнежи од дожд, ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 21 степен. Во среда следува позначителен пад на температурата, утринската ќе биде 7, а максималната дневна 18 степени.
За во четврток метеоролозите прогнозираат студено утро, а преку денот претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец, особено претпладне. Во текот на денот температурата ќе достигне максимум 19 степени. Во петок се очекува сончево време и максимална дневна температура до 21 степен.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо