Гостивар
Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Граѓаните, а особено младите да го запознаат културното наследство на својот крај и да го почитуваат и чуваат како вредност пренесена низ генерациите.
Ваква порака беше испратена денес од настанот што се одржува во Гостивар по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 април, а го организире гостиварскиот Конзерваторски центар.
Во просторот пред симболот на градот, Саат Кулата изложени се фотографии од објекти и локалитети од подрачјето прогласени за културно-историско наследство, а отворена е и самата Кула и посетителите имаат можност да ја разгледаат внатрешноста и да се искачат до погорните делови. На посетителите им се делат и брошури со информативно-едукативна содржина за културното наследство на рагионот.
„Целта е граѓаните да се запознаат со културното наследство што го има нашиот крај, да знаат дека и во регионот на Гостивар имаме археолошки локалитети, стари куќи со голема културно-историска вредност и да се сензибилизираат дека ваквите богатства заедно треба да ги чуваме и пренесуваме на идните генерации. На фотографиите се претставени објекти и локалитети на кои низ годините се вршени зафати од наша страна како Конзерваторски центар“, изјави Бафќар Нуредини, директор на центарот.
Изложбата организирано со своите наставници и професори ја посетуваат ученици од основни и средни училишта во Гостивар. Кај децата особено е голем интересот да влезат во Саат Кулата, објект што речиси секојдневно го гледаат, но само однадвор и недоволно го познаваат.
Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура.
„Конзерваторскиот центар во Гостивар е установа којашто навистина работи и во која вреди да се инвестира. Очекувам да имаат уште повеќе заслужени проекти“, кажа при посетата на настанот државниот советник за култура, Арлинд Хусеини.
Според најавите изложбата ќе трае до 15 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?