Гостивар
Какво време нѐ очекува во новата работна седмица?

Денеска е понеделник, 5 август 2024 година, 218-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 34 минути, а ќе зајде во 19 часот и 49 минути. Денов трае 14 часа и 15 минути.
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Tемпературата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 16 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови од новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло со локална појава на облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната дневна температура ќе се движи над 30 степени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос