Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 15/04/2019 | 08:00

Какво време не очекува оваа работна недела во Гостивар?

Во текот на работната недела која следува во Гостивар и регионот не очекува променливо време со зачестени врнежи на дожд.

Денес во утринските часови минималната температурата достигна до 6 степени, а максималната температура во текот на денот ќе достигне до 12 степени. Ќе биде умерено облачно, со врнежи од дожд.

Слично време не очекува и во вторник со нешто повисоки температури, максималната температура ќе биде 15 степени.

Во среда не очекува промена на времето, ќе прекинат врнежите ќе биде претежно сончево. Температурите ќе се движат од 4 до 17 степени.

Во четврток, метеролозите прогнозираат умерено облачно време со повремени врнежи. Минималната температура ќе достигне 5, а максималната 15 степени.

Кон крајот на работната недела, во петок температурите ќе достигнат 20 степени, не очекува облачно време.

Напишете коментар