Вести
Какво време носи продолжениот викенд во Гостивар?
Викендот што следува ни носи топло и променливо време. Денес е петок, 6 април, 96 ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 269 дена. Сонцето изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 19 часот и 03 минути. Денот ќе трае 12 часа и 52 минути.
Денес во Гостивар времето ќе биде облачно, ќе дува слаб до умерен ветер од југо-западен правец. Ќе има услови за зачестени грмежи, но условите за дожд ќе бидат минимални. Во утринските часови минималната температура достигна до 7 степени. Во текот на денот максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Во сабота не очекува потопло време проследено со сонце и повремена облачност. Температурите во текот на денот ќе се движат од 6 до 15 степени.
Во недела ќе биде стабилно, сончево и топло. Минималната температура ќе биде 7 степени, додека максималната 21 степени.
И понеделничниот ден ќе помине во топло време, облачно со повремени сончеви периоди.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград