Поврзи се со нас

Гостивар

Какво време прогнозираат метеоролозите за новата работна недела?

Објавено

на

Според метеоролозите времето денес (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

До средината на следнава недела времето ќе биде променливо облачно, до вторник во попладневните, а во среда претежно претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од среда ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер што најпрвин ќе ги намали дневните температури за неколку степени, а посвежо ќе биде и во четврток и петок наутро.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена