Поврзи се со нас

Спорт

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Објавено

на

По неколкумесечна пауза фудбалот се врати на Градскиот стадион во Гостивар. Во рамки на 11-тото коло во Втората македонска фудбалска лига ФК Гостивар ја пречека екипата на ФК Арсими од Чегране, локално дерби во кое славеше домаќинот со 2-0.

Двете екипи резервирано влегоа во натпреварот, стрпливо градејќи ги нападите. Како минуваа минутите така домаќините го зголемуваа притисокот, но без конкретна закана кон голот на Арсими, се до 33. минута кога по еден центаршут од левата страна, Антонио Каланоски со прекрасен удар со глава погоди за 1-0 и голема радост на домашната публика во Гостивар, резултат со кој се замина на полувремето.

Антонио Каланоски, 33. минута (1-0)

Во вториот дел гостите од Чегране, поконкрено тргнаа кон голот на ФК Гостивар, но притисокот не вроди со резултат, по петнаесетина минути игра гостиварци ја презедоа контролата и се повеќе се играше на половината на гостите, создавајќи неколку шанси во кои недостигаше концентрација во завршницата. Во 74. минута по центаршут овојпат од десната страна Каланоски повторно со глава беше прецизен, постигнувајќи го вториот гол на натпреварот, за конечни 2-0.

Антонио Каланоски, 74. минута (2-0)

За ФК Гостивар ова е осма победа во сезоната, со 27 бодови се наоѓа на 2. позиција, заостанувајќи еден бод помалку од првопласираниот Вардар. Арсими со 13 бодови се наоѓа на 10. позиција на табелата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена