Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Калинка + урма = здравје и низок холестерол

Објавено

на

Калкинките и урмите покрај тоа што се вкусни и здрави, кога се комбинираат заедно се и добитна комбинација против борбата со болести на срцето. Доволно е само половина чаша сок од калинка на ден, заедно со неколку урми!

Тим на истражувачи од израелскиот Институт за технологија „Технион“, предводени од професорот Мајкл Авирам, откриле дека комбинацијата на сок од калинка и урми (заедно со семките) обезбедува максимална заштита од атеросклероза, што може да предизвика срцев или мозочен удар.

Неколку ризик фактори се вклучени во развојот на атеросклероза, вклучувајќи оксидација на холестерол што доведува до акумулација на липиди во артерискиот ѕид. Природните антиоксиданси можат да го забават процесот на оксидација во телото и притоа да го намалат ризикот од срцев удар.

Проф. Авирам заедно со неговиот тим веќе 25 години работеле на изолирање и истражување на тие антиоксиданси. Уште пред да започнат со последното истражување, биле свесни за придобивките од  посебното конзумирање на калинки и урми.

Сокот од калинки кој е богат со полифенолни антиоксиданти (добиени од ратенијата) значително го намалува оксидативниот стрес. Урмите пак, кои се богат извор на фенолни антиоксиданси ја инхибираат оксидацијата на т.н. лош холестероли го стимулираат отстранувањето на холестеролот од артериските клетки.

Така, со оглед на тоа што калинките и урмите се составени од различни фенолни антиоксиданси, научниците сметале дека нивната комбинација би била уште покорисна.

Научниците спровеле експеримент на атеросклеротични глувци, а тестирале и култивирани артериски клетки. Откриле дека тројната комбинација на сок од калинки, урми и семки од урми обезбедува максимална заштита од развојот на атеросклероза, бидејќи таа комбинација го намалува оксидативниот стрес во артерискиот ѕид за 33% и ја намалува содржината на холестерол за 28%.

Научниците истакнуваат дека луѓето со висок ризик за кардиоваскуларни заболувања, но и здравите индивидуи, може да имаат значителни придобивки од само половина чаша сок од калинки и три урми на ден. Идеално би било семките да се сомелат и да се изедат, но дури и без нив, комбинацијата на овие две овошја е многу поздрава отколку конзумирањето на секое поединечно.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 40 минути

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 час

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 3 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена