Гостивар
Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Состојбата со јавната хигиена на подрачјето на Гостивар е излезена од контрола и се почести се поплаките од граѓаните за калта низ локалните патишта и улици што е последица на градежните работи за изградба на Коридорот 8. Ова беше потенцирано на денешниот состанок на Локалниот совет на превенција, на кој се дискутираше за проблемот и што треба да се направи за да се надмине.
Градоначалникот Ваљбон Лимани истакна дека изминатите пет дена имал три средби со претставници на компанијата Бехтел и Енка и побарал да преземат мерки за кои бил определен и рок од петнаесетина дена.
„На менаџерите на компанијата им кажав дека ние како општина не ги гледаме како противници, но здравјето на нашите граѓани ни е на прво место. Знаеме дека тоа е битен проект, но не по секоја цена. И истражувањето од УНДП покажа дека загаденоста на воздухот во Гостивар доаѓа од градежна прашина. Тие ветија дека ќе преземат дополнителни мерки и верувам за 10-15 дена ќе видиме подобрен резултат. Ветија и дека ќе асистираат на Комуналец со возила за миење на улиците, разгледувавме можност за евентуална донација или позајмување возила кои би се користеле за миење на улиците. Доколку тие не преземат мерки, ние како општина ќе реагираме“, рече Лимани.
Раководителот на општинскиот Сектор за екологија, Зуди Џелили нагласи дека компанијата е должна да се придржува до обврските што ги презела во елаборатите за заштита на животната средина.
„Гледаме дека слоеви кал ги покриваат нашите улици. Проблем е што ова може да трае сѐ додека траат и градежните работи. Ние не сме против изградбата, тоа е значаен проект, но компанијата која го гради коридорот доставила и елаборати дека нема да ја загадува животната средина. Стрикно презеле одговорност да се грижат за животната средина, и побаравме да се придржуваат до елаборатите.“, кажа Џелили.
Од Одделението за внатрешни работи во Гостивар информираа дека биле паричните казни против компанијата не даваат резултат и мора да се бара ефективно решение.
„Калта е проширена на сите градски улици и причинува сериозни проблеми. Како со хигиена, така и со сообраќајот, го отежнува движењето на возилата, па и на пешаците. Како полиција сме презеле мерки против компаниите со прекршочни казни, но тие се подготвени да ги платат глобите и паричните казни нема да го решат проблемот. Затоа зедно со локалните власти на средби да се одредат мерки за да се превенира овој проблем.“, рече начаникот на ОВР Гостивар, Абдил Биљали.
На предлог на Лулзим Хазири од невладиниот сектор, ќе биде формирана оперативна група која ќе се занимава подетално со проблемот. „Проблемот треба да се решава на холистички начин, добро е што има контакти со компанијата, но потребно е да се формира оперативна група за ова прашање“, рече Хазири.
На денешниот состанок на Локалниот совет за превенција присуствуваа и претставници на јавните претпријатија, противпожарната единица, јавното обвинителство, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување и други институции и организации.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар