Гостивар
Кампања за вакцинација во Гостивар „Од врата до врата“
По втор пат годинава во регионот на Гостивар се спроведуваат активности за директно информирање на граѓаните околу имунизацијата од заразни болести и бенефитите од вакцинирањето според редовниот календар. Стручни медицински тимови од Здравствениот дом почнуваат со посети на семејства и преку разговор и делење на летоци со едукативна содржина, ги споделуваат потребните информации за вакцините. Активностите се организираат во рамки на кампањата „Од врата до врата“.
„Во април и мај веќе имавме иста таква кампања, што помина доста успешно и сега ја продолжуваме. Ја промовираме вакцинацијата и користа од вакцините. Кампањата ќе се одвива почнувајќи од оваа недела, па во текот на цел ноември месец. Така, граѓаните на општините Гостивар и Врапчиште да не се изненадат, ако бидат посетени од нашите тимови. При тие посети слободно може да постават прашања за било каква дилема што ја имаат околу вакцинирањето против заразни болести“, вели доктор Дафина Богданоска од Службата за вакцинација при Здравствен дом Гостивар.
Опфатот на имунизираност на децата во Гостивар со сите вакцини се движи околу 80 %, додека со МРП вакцината (морбили, рубеола, паротит) е околу 73 %. Токму за примањето на таа вакцина родителите се најскептични последните години. Сепак, лекарите оценуваат дека има подобрување и процентот оди во нагорна линија.
„Се подобрува опфатот со МРП, можеби и претходната кампања имаше влијание, имавме успех во промоција и во вакцинирањето. Секогаш има сктептични родители, кои се плашат, но ние сме тука да разговараме, да ги разјасниме дилемите. Здраво дете добро ја поднесува вакцината и навистина здравите деца треба да ги примаат вакцините, со што ги штитат и децата коишто не можат да се вакцинираат, например тие со малигни, хронични заболувања“, појасни Богданоска.
Во Здравствениот дом се одвива и вакцинација против сезонски грип, за која лекарите нагласуваат дека е особено корисна за ранливите групи, хронично болните, постарите, и за деца од 6 месеци нагоре со препорака на педијатар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград