Гостивар
Кампања за вакцинација во Гостивар „Од врата до врата“

Стручни медицински тимови од Гостивар од денес почнуваат со посети на семејства со цел да ги информираат и да ги запознаат со бенефитите од вакцинирањето против заразни болести. Кампањата е наречена „Од врата до врата“, ќе се спроведува на територијата на гостиварската и врапчишката општина, а целта е да се зголеми опфатот на имунизирани деца според редовениот календар и возрасни кои се заинтересирани да примат бустер против ковид.
„Наши екипи составени од доктор, медицинска сестра ќе ги посетуваат семејствата според предвидениот план. Целта е да се информира целото семејство за придобивките од имунизацијата од ковид вакцинација, како и вакцините од редовен календар за децата од предшколска и школска возраст. Граѓаните ќе се информираат од прва рака што значи вакцинирањето, кој потпаѓа под вакцина, што е вакцината, сите недоумици и прашања што ги имаат семејствата може да им ги постават на тимовите. Се надевам дека со оваа кампања ќе разјасниме многу работи во однос на вакцинирањето.“, вели д-р Дафина Богданоска од Службата за вакцинација при Здравствен дом Гостивар.
Опфатот на имунизираност на децата во Гостивар последниве години опаѓа, а како причина за тоа се антивакциналните кампањи и корона пандемијата. Родителите мора да се едуцираат за бенефитите од вакцините, нагласуваат медицинарите.
„Антивакциналните кампањи очигледно имаат последици и за жал опфатот е опаднат. Особено со МРП вакцината, но и ХПВ. Ковидот исто така имаше влијание, затоа што се создаде некоја резерва кон вакцината. Би нагласила дека, иако доста родители одбиваат детето да прими вакцина МРП која штити и од морбили, во последниот случај во земјава, се покажа дека вакцинацијата спасила ширење на болеста. Било заразено невакцинирано дете, но неговото братче и сите околу него биле заштитени со тоа што биле вакцинирани, значи опасноста од ширење на заразата значително се намалила“, споделува д-р Богданоска.
При посетите во домовите, медицинските тимови ќе даваат можност и за вакцинирање со бустер доза против ковид на возрасни граѓани, а ќе се дели и информативен материјал.
Кампањата ќе трае до крајот на мај.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение