Гостивар се вклучи во кампањата „На секое дете му треба семејство“, која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи за децата без родителска грижа. Во Летниот амфитеатар се одржа настан со културно-уметничка програма и беа испратени пораки за поддршка на згрижувањето на деца во топла, семејна атмосфера.
Кампањата ја спроведува Министерството за труд и социјала во соработка со УНИЦЕФ.
„Само во семејна средина детото може да почувствува љубов, поддршка и припадност. Згрижувачките семејства обезбедуваат најдобра алтернативна грижа во случаи кога биолошкото семејство не е во можност да му ја пружи сета љубов и грижа кои му се потребни на детето“, рече Билјана Ангелеска од Центарот за социјална работа во Гостивар.
Претставничката на УНИЦЕФ, Билјана Велковска истака дека сакаат да ги мотивираат граѓаните да станат згрижувачи со што се збогатува живото на детето и на семејството коу му пружа дом.
Кампањата ја поддржа и гостиварската локална самоуправа.
„Општина Гостивар ќе биде отворена и секогаш ќе го поддржува децата со посебни потреби. Ја подржуваме кампањата На секое дете му треба семејство и ќе се залагаме тие деца да се социјализираат, да се дружат и да ги имаат сите услови, да го живеат животот исто како нивните врсници“, изјави Аслиан Снопче.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK